Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чаталење на Вреди за еднодневна употреба – желбите за среќа продолжија

0
By Zoran Ivanov on September 25, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 25, 2024 16:18

Останува дилемата дали Гаши ќе ја задолжи Комисијата за деловнички прашања да заседава затоа што, според Деловникот, може и да не ја свика, може да ја свика и да донесе став дека правилно го толкува Деловникот или да се свика и да се донесе став дека не го толкува правилно Деловникот.

Мариела Трајковска

Ништо не може да ја испровоцира Вреди да излезе од Владата зашто, како што велат, бранителите нема да поминат, за балансерот ја чекаат конечната одлука на Уставниот суд, а за албанскиот јазик не стравуваат затоа што тој е уставна категорија.

Ни 24 часа не траеше „чаталењето“ на Вреди дека ќе излезат од Владата ако помине законот за бранителите, откако премиерот Христијан Мицкоски им посака среќа ако така одлучат. Функционери на Вреди, но и лично пратеникот Халил Снопче, се дообјаснуваат дека немало ниту закана ниту, пак, намера да ја напуштат Владата затоа што, како што велат, имаат повисоки цели и интереси за реализација. Желбите за среќа и успех продолжија и денес, но со надеж дека владиното партнерство ќе продолжи. Епилогот е дека ништо не може да ја испровоцира Вреди да излезе од Владата затоа што, како што велат, бранителите нема да поминат, за балансерот ја чекаат конечната одлука на Уставниот суд, а за албанскиот јазик не стравуваат зашто тој е уставна категорија.

Снопче се дообјаснуваше дека изјавата за излегување од Владата ако се усвои предложениот закон за бранителите, всушност не било закана.

Во мојата изјава немаше никаква закана. Беше само пренесување на политички став на новинарско прашање, ништо друго. И одговорот на премиерот, според мене, беше во таа насока, ништо неочекувано. Ние сме автономни политички субјекти и како такви имаме иста цел, да придонесеме за нормализација во функционирањето на целокупниот државен систем каде што, пред сè, ќе дојдат до израз вистинските вредности. Значи, имаме заедничка обврска, пред сè, да ја вратиме надежта кај граѓаните дека оваа држава ќе се нормализира и ќе биде подобро. Ние сме партнери и нашето партнерство се заснова врз основа на односите на силите, а не односот на моќта. Така функционираме и се надевам дека така ќе продолжиме. Се разбира, секому кој ни посакува среќа и ние им посакуваме среќа и успех. Додека функционира партнерството, сè е ОК и нема проблем – вели Снопче. Првиот вицепремиер и министерот за здравство, Изет Меџити и Арбен Таравари, од Њујорк ја амортизираа изјавата на Снопче.

Законот за бранителите нема да помине. Албанскиот јазик е уставна категорија, а за балансерот чекаме да се изјасни Уставниот суд. Владата има демократски и политички капацитет да го реши ова. Приоритет ни е борбата против корупцијата… Сè друго е дефокусирање и барање спас од одговорност – ни изјави Меџити.

Таравари, пак, во изјава за МИА тврди дека односите помеѓу партнерите во коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и дека Владата ќе продолжи да функционира. И тој е на ставот дека Владата има подолгорочна стратегија, но им недостига подобра комуникација и синхронизација.

– Односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и ние се обидувавме да бидеме што посинхронизирани во овие 100 дена, меѓутоа некаде имало недоразбирања, некаде имало испади што не биле координирани како што треба, затоа треба време за да се синхронизираме целосно и тоа да се види и кај граѓаните. Генерално можам да кажам дека очекувањата на граѓаните беа огромни од ова мнозинство – вели Таравари.

Според него, не можат да се остварат сите предизборни ветувања само за 100 дена, затоа што има постојани дефокусирања од тоа што испорачале, посебно во албанскиот блок. За дефокус од сработеното ја обвини ДУИ. Таравари вели дека реакцијата на Снопче била како што треба, но се надева дека во владиното мнозинство ќе има координација.

– Генерално, мислам дека кога нешто планираме да донесеме како Влада, треба да бидеме синхронизирани и известени едни од други, така што и реакцијата на господинот Снопче беше во тој правец. Значи, ние не сме известени, ние начелно сме против нешто да помине без да биде договорено меѓу нас. Реакцијата на Снопче беше како што треба и се надевам дека ќе имаме координација меѓу нас и ќе го поминеме и овој, да речам, ситен проблем што ДУИ се обидува да го подметне заедно со СДСМ – рече Таравари.

Во Собранието, пак, се прават напори да се деблокира законот за бранителите откако претседателката на Комисијата за социјални политики Илире Даути одби да расправа за бранителите, а претседателот на Собранието Африм Гаши се прогласи за ненадлежен тој да ја свика Комисијата зашто тоа веќе го сторила Даути.

Јован Митрески потпретседател на Собрание Фото: Слободен печат

Потпретседателот на Собранието Јован Митрески од СДСМ ја искористи деловничката можност и побара Гаши да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да закаже седница на која ќе се расправа дали собранискиот спикер го прекршил Деловникот. Тој бара Комисијата да ја толкува примената на членот 126 став 3, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со законот за задолжувањето со Унгарија.

– Апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од Деловникот и затоа го доставив наведеното барање до него – рече Митрески.

Тој информира дека од Гаши не добиле никаков одговор на барањето на координаторот Оливер Спасовски дали и кога ќе ја свика седницата на Комисијата, иако барањето го доставиле пред 10 дена.

– До овој момент образложение нема и најверојатно нема ни да има. Има некакви образложенија пратени до јавноста, кои воопшто немаат смисла, ниту се во согласност со Деловникот, ниту имаат допир со реалноста. Затоа, ако се сигурни, ако претседателот на Собранието, господинот Африм Гаши, е сигурен во неговото образложение, барам да се свика Комисијата за мандантни и деловничко-имунитетни прашања и таму да ги судриме аргументите – рече Митревски.

Останува дилемата дали Гаши ќе ја задолжи Комисијата за деловнички прашања да заседава затоа што, според Деловникот, може и да не ја свика, може да ја свика и да донесе став дека правилно го толкува Деловникот или да се свика и да се донесе став дека не го толкува правилно Деловникот.
Митрески информира дека ќе чекаат Гаши да одговори до крајот на неделава, по што ќе ги соопштат следните чекори. Ако Комисијата утврди дека Гаши не го почитува Деловникот, тогаш Митрески очекува претседателот да свика седница на Комисијата за социјална политика врз основа на членот 126 став 3, исто како со случајот со Комисијата за финансирање и буџет за задолжувањето со Унгарија.

Демократскиот сојуз ги повика сите партии да го поддржат законот за бранителите

Долго се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат семејствата на настраданите бранители во вооружениот конфликт во 2001 година.
Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии, велат од ДС.

– Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА направи многу отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување закон и вработување голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од Собранието, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт. Затоа, најостро ги осудуваме најавите на ДУИ, дека ако се усвои законот за обесштетување на тие што го бранеле суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, ќе се дестабилизира Македонија – велат од ДС.

Текстот е сопственост на Слободен печат

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.