Author: Zoran Ivanov

Стапката на наталитет нагло се намали во некои од најбогатите земји во светот и веројатно ќе остане ниска бидејќи економските грижи ги принудуваат луѓето да ги проценат трошоците за раѓање деца, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Многумина во земјите-членки на ОЕЦД сега избираат дали ќе имаат деца подоцна во животот или воопшто нема да имаат, се вели во денеска објавениот извештај. „И младите мажи и жени сè повеќе ја наоѓаат смислата на животот надвор од родителството“, се додава во извештајот. Стапката на фертилитет во земјите на ОЕЦД падна на едно и пол дете…

Read More

 Арсим Зеколи: Со оглед на гнојот кој Мицкоски и следбениците го имаат блуено кон ривалите како „предавници“, неговиот гест на прифаќање на Република Северна мора да се обележи како гест на карактерна капитулација. Но да почнеме по ред. Како прво и најбитно, оваа влада на Христијан Мицкоски не е реформска, туку е влада на континуитет, на политикантски, олигархиски, корупциски, криминален континуитет. Не само според изборот на министри, кои се речиси ексклузивно од камарилата на ВМРО-Груевистичка, ДУИ и СДСМ, туку и според континуитетот на истата матрица воспоставена од 2006 година – преку политиканството на лажење во предизборие и со пепел покривање во постизборието. Линк

Read More

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се  разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за севкупната поддршка од САД и ја истакнала подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебната поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели. Во тој контекст, Сиљановска-Давкова истакнала дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД…

Read More

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО. Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња. Тој ќе ја преземе функцијата на 2-ри октомври, само еден месец пред американските избори кои, оценува Политико, ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како…

Read More

Христијан Мицкоски: Како Влада ќе мора да ги почитуваме законите и Уставот во однос на употребата на уставното име. Мојата татковина е Македонија, и при давање изјави мојата употреба на името нема да биде поинкава, но како влада ќе мораме да ги почитуваме законите и Уставот. Не можеме да се правиме наудрени дека тоа не е дел од правниот систем . Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди.

Read More

Мека: 550 жртви од топлотен удар од 50 степени на годинешниот Аџилак Гардијан: Најмалку 550 муслимански аџии од Египет, Јордан, Индонезија, Иран и Сенегал починале за време на извршување на овогодинешниот аџилак во Мека од топлотен удар, а илјадници други побарале лекарска помош поради колапс од високите температури, објави „Гардијан“. Како што информираат дипломатски извори на Саудиска Арабија меѓу загинатите има најмалку 323 се Египќани и најмалку 60 Јорданци. Саудискиот национален метеоролошки центар соопшти дека температурата во Големата џамија во Мека во понеделникот достигнала 51,8 Целзиусови степени.

Read More

Претседателот на Друштвото на филмските работници,ДФРМ, Игор Иванов,  одговорајќи на брифинг на новинарско прашање во врска со Извештајот на Работната група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм формирана од министерката за култура во заминување Бисера Костадиновска Стојчевска, напомена дека не постои никакво незаконско финансирање од Агенцијата до Друштвото. Тој потенцираше дека Државниот завод за ревизија констатирал оти средствата што ДФРМ ги има, се искористени на законски начин. Според Иванов, наодите дека Фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ не доставувале извештаи се смешни. Нам не ни побарале извештај ниту од Агенцијата за филм ниту од Министерството за култура. Ние имаме…

Read More