Author: Zoran Ivanov

Скопје: До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите. Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година…

Read More

Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди Помладиот денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да се откаже од кампањата за реизбор и ја повика Демократската партија да ја номинира замената на Бајден преку „отворен процес“.

Read More

Во телефонски разговор со „Си-ен-ен“ неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави повлекувањето од претседателската трката, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како “далеку најлошиот претседател во историјата на нашата земја”. Иако не е јасно кој ќе биде кандидатот на демократите, Трамп рече дека смета дека потпретседателката Камала Харис ќе биде полесна за пораз од Бајден. Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата.

Read More

Мили демократи, решив да се откажам од номинацијата и целата енергија да ја фокусирам во борбата против Трамп, рече меѓу другото актуелниот претседсател на САД и до овој момент кандидат за втор претседателски мандат кој вечерва соопштои дека се повлекува од трката за претседател. Бајден повика на обединување на Демократите и соопшти дека застанува зад кандидатурата на Камала Харис.

Read More

Суверенитет и самоопределување: овие зборови одекнаа во петокот, на 19 јули, во монументалната судница на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.

Read More

Приштина: Најголемата косовска опозициска парламентарна партија, Демократската партија на Косово, ПДК, побара разрешување на министерката за правда Албулена Хаџиу и нејзино интервјуирање од страна Специјалното обвинителство во врска со нејзината изјава за бегството на затворениците од косовските затвори. Министерката за правда, Хаџиу, во објава на Фејсбук, вели дека неодамнешните бегства од косовските затвори, меѓу кои и на Фатон Хајризи, кој беше убиен во петокот во Србија, биле олеснувани и организирани од Србија. Доколку Србија е присутна во косовските затвори, што прави министерката за правда со своите должности? Ова е основното прашање што денес го поставува секој граѓанин. Оваа изјава покренува…

Read More

Пренесувајќи го ставот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, пратеничката Ина Жупа, рече дека резултатите од пописот од 2023 година не ги признаваат бидејќи се манипулирани.

Read More

Тема на МИА: Оваа форма на дипломатија стана поинклузивна, модерна и значително поефективна во последните години, за разлика од традиционалната дипломатија, која обично е резервирана за акредитирани дипломати од министерствата за надворешни работи. Ангела Рајчевска Употребата на спортот како платформа за помирување, надминување на конфликти и обновување на дијалог се нарекува спортска дипломатија. Оваа форма на дипломатија стана поинклузивна, модерна и значително поефективна во последните години, за разлика од традиционалната дипломатија, која обично е резервирана за акредитирани дипломати од министерствата за надворешни работи. Оваа практика се базира на концептот на „мека моќ“ и се однесува на влијание и привлекување на…

Read More