Author: Zoran Ivanov
Киев: Непознат сторител пукал во Ирина Фарион, поранешна украинска пратеничка од крајната десница, соопштија украинските власти. Фарион (60) е хоспитализирана со прострелна рана во главата, соопшти украинската национална полиција. Нејзината состојба е „исклучително сериозна“, додаваат тие.
Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп синоќа одржа телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се дознава дека украинскиот претседател му честитал на Трамп за кандидатурата од Републиканската партија и го осудил обидот за негов атентат. Трамп, кој инсистира дека војната меѓу Русија и Украина „никогаш немаше да се случи“ ако тој останеше претседател, кажа дека повикот бил „многу добар“. По разговорот се појавија и нивни реакции на социјалните мрежи. Го ценам претседателот Зеленски што ми се обрати затоа што, како следен претседател на Соединетите Американски Држави, ќе издејствувам мир во светот и ќе ја окончам војната која одзеде…
Реизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својата програма истакна дека „проширување“ на Европската унија ќе биде една од нејзините клучни геостратешки цели, особено поради руската инвазија на Украина и во суштина ја потврди претходна политика и процедура за можен, но сега забрзан прием на нови земји во членство.
Ирена Чачкова Над 100 милиони евра плус ќе се слеат од буџетот во ПИОМ за да може да функционира. Од документот за прекројувањето на државната може да се види дека претходно за оваа ставка во буџетот имало 1,78 милијарди евра, а сега сумата се зголемува на 1, 89 милијарди евра. За овој фонд граѓаните со години имаат лоша слика. Новата Влада одлучи да ги зголеми и пензиите, тоа беше едно од предизборните ветувања, кое повлече плус 80 милиони евра на оваа ставка. Од ребалансот може да се види дека некои од министерствата ќе добијат повеќе, а некој помалку пари. Се…
Инволвирањето на етничкиот идентитет во правни одредници е манипулативна и опасна категорија која нема да не’ спаси од никакви диктати и наменски непријатели во ликот на сите соседи (освен еден), туку не’ води директно во диктат. Без никаков идентитет. Никица Корубин “Државјанството е правна врска меѓу лицата и државата и не го означува етничкото потекло на лицата” вели членот 1, став 2 од Законот за државјанството на Република Северна Македонија. Согласно оваа одредба од наш закон, која патем речено е на сила од 2004 година, државјанството е правна, а не етничка односно идентитетска одредница, што по автоматизам значи дека терминот…
Мнозинството посељачени Македонци, по правило не ги интересираат светските процеси, освен ако не е некое руско теписирање на некој украински град, што предизвикува всохити еднакви на тие кога Ноле ќе тепа некого, но и покрај тоа мислам дека е важно да се соопштаат следниве согледувања: Човековите права како принцип и феномен кој одигра важна улога во напредокот на цивилизацијата и во геополитичките пресметки и пресложувања во последните педесетина и повеќе години, ќе загуби дел од својата релативна важност за сметка на прашањата на стабилноста, безбедноста и геостратегиските релации. Демократскиот процес мора да претрпи одредени промени и прилагодби за да може…
Џабир Дерала, истражувачки новинар од Северна Македонија, е награден со Наградата за солидарност на Асоцијацијата на Југоисточна Европа (СОГ) за новинари од Југоисточна Европа за неговата храбра и извонредна истражувачка работа. Наградата ја врачија претседателот на СОГ и специјален претставник на германската федерална влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Саразин, и пратеникот Јосип Јуратовиќ на церемонија во германскиот Бундестаг на 4 јули 2024 година.
Ванкувер: Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.
Компанијата Рио Тинто ја поздравува одлуката на Владата на Србија. Најавуваат почитување на највисоките стандарди за заштита на животната средина и отворање на илјадници работни места. Тие веруваат дека проектот „Јадар“ има потенцијал да стане „литиум и боратен ресурс од светска класа“. Сања Кљајиќ Додека српскиот претседател Александар Вучиќ го очекува германскиот канцелар Олаф Шолц да му го овери почетокот на ископувањето на литиум во долината на Јадар, тамошните жители велат дека не се предаваат. Во селата во долината на реката Јадар ни високите температури не ја прекинаа работата на нивите. Во оваа област живеат околу 18.000 луѓе, главно млади…