Author: Zoran Ivanov
Eвропското соседство е нашата иднина и приемот на нови земји во нашата Унија претставува морална, историска, политичка и огромна геостратешка одговорност за Европа, порача денеска кандидатката за претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците на Европскиот во Стразбур.
Центарот за управување со кризи ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено.
Вашингтон: Американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека можеби ќе ја преиспита својата изборна кандидатура доколку лекарите му сугерираат дека има здравствени проблеми, се вели во извадок од интервју објавено денеска. Неговата здравствена состојба е под лупа по катастрофалната дебата со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавија американските медиуми. Ако имав некоја евидентна медицинска состојба што се појавува, ако некој, ако лекарите дојдат и речат „го имаш овој проблем, тој проблем, изјави Бајден за медиумската групација БЕТ. Бајден ја даде таа изјава на прашањето што може да го натера да се преиспита за реизбор.
И по неколку дена од настанот кој го привлече вниманието на светската јавност, се уште остануваат непознати мотивите на 20 годишниот Томас Метју Крукс да изврши атентат врз републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп.
Владата на Република Северна македонија со која преседаваше премиерот на Република Северна македонија Христијан Мицкоски денешната трета седница донесе одлука за именување на нови кадри во јавните институции и тоа: Васе Анакиев за в.д. на Државниот инспекторатот за земјоделство Весела Честоева за в.д. директор на Управата за заштита на културното наследство. Иван Живковски за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Данијел Апостолоски за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ Скопје. Амет Зибери е за в.д. заменик директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. Даут Мемеши за в.д. директор на Бирото за…
Киев / Москва: Украина и Русија ослободија 190 војници во најнова размена на заробеници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Како резултат на преговарачкиот процес, ослободени се 95 украински и 95 руски војници.
Дехран Муратов Во период од само неколку месеци има повеќе убиства и обиди за убиства со огнено оружје и за жал ниту еден случај нема целосна разрешница. И додека граѓаните се чувствуваат незаштитени и небезбедни, Владата предводена од Христијан Мицкоски реши да ја врати заштитната ограда на Никола Груевски. Дали тој потег е за поголема безбедност на владините претставници или е само дефокус од реалните проблеми?