Author: Zoran Ivanov

Владата на Република Северна Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим: За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. За заменик на министерот во  Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. За заменик министер во…

Read More

Будимпешта: Одбивањето на раководството на ЕУ да преговара со Унгарија и заканата со бојкот нема да ја принудат Будимпешта да ја прекине мировната мисија за решавање на конфликтот во Украина, изјави за РИА Новости министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто.

Read More

Џабир Дерала Републиканците го обвинија претседателот Џо Бајден дека поттикнува „вжештена политичка средина“ и, според претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, тој треба да биде „посочен“ за политичките напади врз поранешниот претседател Трамп. Потоа, во најдобрата практика на лажна рамнотежа, Џонсон апелираше до двете страни да ја „стивнат реториката“ утрото откако Трамп беше повреден во обид за атентат за време на предизборниот митинг во Пенсилванија на 13 јули – чин што секако е одвратен по сите стандарди.

Read More

Денко Малески: Некој рече дека сум претерал кога напишав дека начинот на кој претседателката и премиерот го интерпретираат Преспанскиот договор, по прашањето на „името“, е рамен на објава на војна, дипломатска, се разбира. Денес, грчкиот премиер зборува за „оружјата“ кои Грција ќе ги употреби доколку нашите политичари продолжат со „истата тактика“.

Read More

Европскиот парламент (ЕП) денеска избра 14 нови потпретседатели, од кои тројца се од Европската народна партија, пет од редовите на социјалистите и демократите, по двајца од редовите на либералите, европските конзервативци и реформисти и по еден  од Зелените и Левицата.

Read More

Вашингтон: Локален полициски снајперски тим бил распореден во зградата од чиј покрив атентаторот Томас Метју Крукс пукал и го рани поранешниот американски претседател и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп за време на предизборен митинг, објави Њујорк пост, цитирајќи полициски извори. Зградата во Батлер, Пенсилванија, во која се наоѓаше фабрика за пакување стакло и пластика, локалната полиција ја користеше како „набљудувачки пункт“ за нивните снајперисти да внимаваат на заканите додека поранешниот претседател држеше говор на само околу 110-120 метри, тврдат изворите. Според нив, во моментот на пукањето полицајците биле внатре во зградата, но не на нејзиниот покрив.

Read More

Грција очигледно е дека има оружја и не мислам на оружјата што произлегуваат од самиот Договор, но најголемото оружје со кое располага е тоа што е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје. И факт е дека не може да има никаков пристап до Европа, ниту чекор, ако не се реши прашањето преку јасна изјава на раководството на соседната земја дека ова е името на државата и важи за сите. Односно да се повтори очигледното, она што го имаат потпишано. Не бараме ништо различно. Pacta sunt servanda, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за ТВ Скај. Во интервјуто за централното вечерно издание…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека состојбата со Буџетот е алармантна и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, вели дека ќе има. Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мицкоски рече дека за „Национални шуми“ каде вработените немаат земено плата четири месеци, потребни се од 250 до 300 милиони денари, за „Водовод“ од 60 до 100 милиони денари, а недостигаат и три милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади денари, според Мицкоски, треба да се платат и по основ на казни поради тоа што…

Read More