Author: Zoran Ivanov
Џо Бајден: Грешка беше да се употреби тој збор. Мислев дека треба да се фокусираме на него. Фокусирајте се на она што тој го прави, фокусирајте се на неговите политики, фокусирајте се на бројот на лаги што ги кажал во дебатата … Јас не сум тип кој кажува такво нешто. Јас не сум тип кој одби да го прифати исходот од изборите. Јас не сум тип кој рече дека нема да го прифати исходот од овие избори. Фокусот е на она што Трамп го зборува и на неговата идеја.
Двајца потенцијални клучни сведоци во случајот за корупција од висок профил во кој е вмешан поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу починаа под сомнителни околности. Истиот ден, пријавено е дека загинале Игор Котелноков, 52-годишен бизнисмен и генерал-полковник Магомед Хандаев, 61-годишен началник на државниот оддел за експертиза на Министерството за одбрана. Котелноков се наоѓаше во притворниот центар бр. 4 во Москва, каде што, наводно, починал од „срцеви проблеми“. Тој беше осомничен во случајот за поткуп поврзан со поранешниот заменик министер за одбрана Тимур Иванов, кој наводно дејствувал под водство на Шојгу. Според истражителите, Котелноков бил посредник кој обезбедувал профитабилни договори…
Рига: Oд утре по случаен избор во Латвија може да се одлучи кој ќе се приклучи на армијата, а кој не.
Државните избирачки записи покажуваат дека бил регистриран републиканец, според американските медиуми. Исто така, се известува дека донирал 15 долари на либералната кампања ActBlue во 2021 година. Тој имал членство во локален стрелачки клуб, Клертон Спортсменс Клуб, најмалку една година. Малото предградие на Питсбург, Бетел Паркс, во Пенсилванија, е во шок откако ФБИ го именуваше младиот локален човек, Томас Метју Крукс, како личноста која пукаше кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на неговиот митинг во Батлер, пишува Би-Би-Си. Во нападот беше убиен е еден посетител од публиката мртов, а двајца мажи се ранети. Крукс 20-годишен работник во кујна, беше…
Центарот за управување со кризи ЦУК информираше дека во моментот активни се девет пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот на планината Серта, кој се простира на три општини како четири самостојни пожари. Во општина Неготино, во атарот на село Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ, каде гори нискостеблеста шума – бор, во Општина Штип, на местото викано Патрик, каде гори смрек, дабова шума и мешовита шума и во општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, на месноста викаба Хаџи Реџепли е зафатена ниска вегетација и грмушки, се…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во неговото прво интервју откако преживеа обид за атентат рече дека го изменил својот говор за претстојната републиканска национална конвенција по нападот. Не требаше да бидам овде, требаше да бидам мртов, рече тој во интервју за Њујорк Пост и Вашингтон Егзаминер. Во разговор за конзервативните таблоиди додека патувал со приватен авион од Њу Џерси до Милвоки, Висконсин, Доналд Трамп го опиша моментот кога беше застрелан од вооружен маж на предизборен митинг во Пенсилванија. „Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес“, рече тој. Трамп рече…
За време на првиот ден од официјална посета на Џерси, кралот Чарлс и кралицата Камила се евакуирани поради лична безбедност. Член на кралското обезбедување загрижен поради безбедносен ризик побарал евакуација, но потоа се покажало дека станува збор за лажна тревога. Преземени се сите мерки на претпазливост и набрзо програмата е обновена.
Државната комисија за спречување на коруцијата оформила предмет по допрен глас за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон. Во меѓувреме од МНР информираат дека за патувањето на синот на премиерот во САД, Јован Мицкоски, не се потрошени средства од буџетот на Република Северна Македонија.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе…
Првите детали што се појавија за Томас Крукс, кој беше убиен од полицијата, покажуваат дека младиот човек работел во близина на својот роден град во Пенсилванија, каде што завршил средно училиште во 2022 година со репутација на бистар, но тивок соученик. ФБИ во неделата соопшти дека неговиот профил на социјалните мрежи не содржел заканувачки зборови, ниту дека откриле историја на проблеми со менталното здравје. Тие рекоа дека дејствувал сам и дека не го идентификувале мотивот. Во саботата попладне Крукс почна да пука со полуавтоматска пушка, што ја купил татко му, изјавија официјални лица. Во престрелката загина 50-годишен маж, тешко рани…