Author: Zoran Ivanov
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон, САД, имал средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан со кој договориле во иднина да воспостават специјална економска соработка согласно која министерствата за финансии на двете Влади ќе отпочнат процес во којшто унгарската Влада ќе и` позајми на македонската Влада сума од 500 милиони со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Дополнително, земјава ќе може да се обрати за дополнителна економска поддршка. Денеска заедно со премиерот на Унгарската Влада, господинот Виктор Орбан имавме исклучително квалитетна и плодна средба. Разговаравме за…
На Балканот сеуште се кршат копја околу етничката припадност, пребројувањата, каде во која земја колку ги има. Во меѓувреме, владите како да не ги загрижува масовното иселување и заминувањето на Запад, особено на младите и образoвани кадри. Љупчо Наќев И во Косово ќе се појави бугарска заедница? Н.Н. од околината на Призрен, припадничка на босанската заедница, вели дека пред неколку години потпишала „документ“ со кој потврдува дека некој од нејзиното семејство има бугарско потекло, за да ја искористи можноста да студира во Бугарија. „Тој документ го добив од наш човек од околното село“, вели оваа соговорничка на Косовскиот сервис на Радио…
Вашингтон: Денеска продолжува и завршува тридневната средба на шефови на држави или влади на членките на НАТО, а во чест и на 75 години од основање на Алијансата. Лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија. Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое се очекува реафирмација на поддршката на Алијансата за Киев колку што ќе биде потребно. На вчерашниот дел од Самитот, на кој се одржа…
Ивица Боцевски: Има во јавноста и некои други гледишта и алтернативи, но реално гледано, една рационална и ладнокрвна анализа не дава друга алтернатива. Географијата е таа – Македонија е на европскиот континент. Географијата и економијата детерминираат. Македонската и југословенската економија претходно како главен партнер ја имаат Европската економска заедница, подоцна и ЕУ уште од 60-тите години. Тоа се толку взаемно преплетени врски што јасно кажува кој ни е национален интерес. Заради Спогодбата за стабилизација и асоциација оваа соработка е уште повеќе продлабочена. Македонија ако бара алтернативи вон европската интеграција, може драстично да ја загрози својата економија. Наместо да бараме луди…
Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, истакнал меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на првиот дел од состанокот на НАТО, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА. Мицотакис меѓу другото нагласил дека „напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори“. Во однос на ставот на американскиот претседател кој ја подвлекол важноста на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата, како што пишува АНА-МПА, Мицотакис посебно се осврна на Договорот од Преспа, за кој, рекол дека овозможи проширување на Алијансата со пристапување на Северна Македонија. Целосното спроведување на…
Соња Христовска Угриновска: Оти, колку и да ја гласаа скопјани од инает кон СДСМ, сепак, не ја гласаа за да им донесе град без воздух, без вода, без хигиена и без јавен превоз. Не е ова некогашното американско шоу „Баравте, гледајте“, ова е главен град на држава во Европа што треба да се развива, да се градат колектори, пречистителни станици, трамваи и да се креираат иновативни содржини на јавните простори од кои ќе ни биде мило на душата што и во наше Скопје ги уживаме благодатите на 21 век. Светски. Ама не. Ние ќе си патуваме до дома со брзина…
ВМРО-ДПМНЕ треба да ни се извини за Данела Арсовска. Прво тоа, а после нека фантазираат за брз урбан воз од Ѓорче Петров до Центар. Снемува наивни! Соња Христовска Угриновска Несреќата не доаѓа тивко – со трубачи го прослави мандатот Данела Арсовска, најкатастрофалната градоначалничка на некогашниот град Скопје, кое сега е претворено во село невесело, во кое под нејзино раководство нема што нема. Нема автобуси, нема јавни чешми, нема простори за рекреација, нема хигиена, нема чист воздух, нема игралишта, нема култура, нема ред. Веќе немаме ни град. Ама затоа си ја имаме Данела која, пак, којзнае што сè веќе си има,…
Борис Георгиевски: Доколку се суди според првата средба на македонскиот премиер на маргините на самитот во Вапингтон, Мицкоски не е меѓу оние европски политичари кои стравуваат од враќањето на Трамп во Белата Куќа. Напротив. Придружуван од министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана, Мицкоски за прв соговорник во Вашингтон го одбра Ричард Гренел, контроверзниот поранешен дипломат и поранешен в.д. координатор на американските разузнавачки служби. Линк
Доколку се суди според првата средба на македонскиот премиер на маргините на самитот во Вапингтон, Мицкоски не е меѓу оние европски политичари кои стравуваат од враќањето на Трамп во Белата Куќа. Напротив Борис Георгиевски Доколку се суди според првата средба на македонскиот премиер на маргините на самитот во Вашингтон, Мицкоски не е меѓу оние европски политичари кои стравуваат од враќањето на Трамп во Белата Куќа. Христијан Мицкоски и Ричард Гренел во ВашингтонФотографија: Nordmazedonischer Premierminister Hristijan Mickoski Сенката на поранешниот, а можеби и идниот, претседател на САД, Доналд Трамп е надвисната над јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон. Нервозата е голема, особено во Европа, дека…
Адвокатот Лазар Јанев, кој е син и работодавач на Катица Јанева, за „Скопје1“ тврди дека таа како вработена го почитува работните обврски и цело време е во канцеларијата. Според Јанев, Катица ја напушта канцеларијата само доколку во соседните локали да купи за јадење, со оглед дека не користи никаква поволност од КПУ Идризово. Ги отфлрам во целост наводите, до моментот на давање на изјавата немам добиено никаков одговор од Установата или сум бил побаран од неа, за било каква работа поврзана со работниот ангажман на Катица Јанева. Во целост ги отфрлам како неточни изјавите на директорот на УПС, од причина…
Во ООН денеска се одржа тркалезна маса на Глобалниот Форум на заедниците дискриминирани на работа и поради потеклото. Републка Северна Македонија е коспонзор на таа организација и нејзината работа во ООН и член на Неформалната работна група за изготвување на Декларација и Резолуција. Документот ќе биде усвоен во светската асамблеа со цел за заштита на правата на оваа групација најзагрозени малцинства кои во светот на број се околу 270 милиони. Станува збор за групи во Африка, Азија, Европа и Латинска Америка, Канада и САД како Роми во Европа и Азија, Далитс или „недопирливите“ во Индија и Пакистан, пооа Бурукумин…