Author: Zoran Ivanov
Познатиот американскиот актер и поддржувач на Демократската партија, Џорџ Клуни, го повика претседаелот на САД Џозеф Бајден да се откаже од својата кандидатура за реизбор. Клуни во написот на Њујорк Тајмс изјави дека му се допаѓа Бајден, но оцени дека Демократската партија ќе ја загуби претседателската трка, како и секаква контрола во Конгресот со Бајден како кандидат. Ова не е само мое мислење. Ова е мислењето на секој сенатор и член на Конгресот и гувернер со кој сум разговарал приватно, рече Клуни.
Брисел: НАТО денеска ја објави својата ревидирана стратегија за вештачка интелигенција, ВИ,, која има за цел да ја забрза употребата на технологии за вештачка интелигенција во Алијансата на безбеден и одговорен начин. Стратегијата идентификува неколку приоритети, вклучувајќи унапредување на имплементацијата на Принципите на НАТО за одговорна употреба, зголемување на интероперабилноста меѓу системите за вештачка интелигенција низ Алијансата, комбинација на вештачка интелигенција со други новонастанати нарушувачки технологии, и проширување на ВИ екосистемот на НАТО преку поблиска соработка со индустријата и академиите на сојузниците, акцелераторот за одбранбени иновации на НАТО DIANA, Фондот за иновации на НАТО и партнерите истомисленици, се вели во…
Само Уставниот суд е единствен надлежен орган да одлучува за престанок на функција на судија на Уставен суд. Ова е едногласно усвоениот заклучок којшто уставните судии денеска го донеле на работен состанок откако минатата недела Судскиот совет испрати до Собранието известување дека уставната судијка, Добрила Кацарска пред две години ги исполнила условите за старосна пензија како судија во Кривичниот суд. Секое преземање на било какво дејствие на било кој државен орган, надвор од уставно утврдените основи во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење…
Брисел: Полска, Германија и балтичките членки на Европската унија бараат унгарскиот премиер Виктор Орбан да биде отстранет од претседателството на Унијата, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, кој се повикува на претставници на ЕУ и на некои медиуми. Весникот наведува дека за ова требало денеска да разговараат амбасадорите во Политичкиот комитет на Унијата, а клучна причина за незадоволството на мнозинството меѓу европските дваесет и седум земји е тоа што посетата на Орбан на Русија и Кина не била координирана со Советот на ЕУ. Италијанскиот весник наведува дека претседавањето со ЕУ да и се одземе на некоја членка е „тешко, но…
Скопје: Компанијата „Новоматик Македонија“ стана генерален спонзор на фудбалскиот клуб „Вардар“, за што денесска беше потпишан договор. Марија Митреска како претставник на компанијата, информираше дека одлучиле со финансиска програма од еден милион евра годишно, да го поддржат фудбалскиот клуб. Таа нагласи дека со оваа многу важна одлука, продолжува партнерството со заедницата и поддршката за македонскиот спорт. Со две илјади вработени веќе 18 години сме присутни на домашниот пазар на игри на среќа и даваме сериозен придонес во развојот на македонската економија. Никогаш не отстапуваме од корпоративното мото, секогаш општествено одговорна компанија. Сакаме да потенцираме дека како генерален спонзор не се…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во Вашингтон, САД, каде што ќе учествува на Парламентарниот самит на НАТО, во рамки на Самитот на Алијансата, по повод 75-годишнината од нејзиното формирање. Самитот е во организација на Парламентарното собрание на Алијансата. Делегацијата на Претставничкиот дом на САД во ПС на НАТО е домаќин на Парламентарниот самит, на кој ќе се соберат лидери на парламенти од 32 земји членки, како и Украина. Најавено е учество на 23 претседатели на парламенти. Овој собир на високо ниво треба да ја покаже важноста на парламентарната димензија на Алијансата и да ги нагласи ставовите на сојузничките парламенти…
Њујорк: Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди руските напади врз неколку градови во Украина во кои загинаа најмалку 33 лица, вклучително и напади врз болниците, и ги нарече „особено шокантни“. – Извршувањето напади врз цивили е забрането со меѓународното право, а тој тип на напади е неприфатлив и треба веднаш да се прекине, се вели во денешното соопштение на портпаролот на првиот човек на ОН. Тој конкретно ги именуваше погодените медицински центри, вклучително и важна детска болница. Во голем руски ракетен напад ширум Украина денеска загинаа најмалку 33 лица, а 154 се повредени, соопштија официјални лица, при што…
На политичко ниво НАТО ги промовира демократските вредности и им овозможува на членките да се консултираат и да соработуваат за прашања поврзани со одбраната и безбедноста за да ги решат проблемите, да изградат доверба и, на долг рок, да спречат конфликт. На воено ниво пак, Алијансата е посветена на мирољубиво решавање на споровите, но ако дипломатските напори не успеат, таа има моќ, сама или во соработка со други земји и меѓународни организации, да преземе операции за справување со кризи, согласно Членот 5 од Основачкиот договор на НАТО или со мандат на Обединетите нации. Линк