Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Утврдена е локацијата на хеликоптерот на иранскиот претседател но за него се уште нема информации Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Иранската агенција ИРНА наведува дека хеликоптерот се урнал во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган. Леталото со иранскиот претседател имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан. Областа е карпеста, времето магливо и врнежливо и ваквите услови многу ја отежнаа потрагата, се вели во иранските државни извештаи.
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот: САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција и беа разочарани што претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го користеше уставното име Северна Македонија при инаугурацијата на функцијата, рече во разговор за „Сакам да кажам.мк“ Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот. Ален денеска со посетата на Македонија ја заврши турнејата низ земјите на Западен Балкан, при што ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Линк
Денко Малески Нашиот иден премиер и водач на партијата ВМРО-ДПМНЕ Мицковски му нуди на грчкиот премиер и лидер на Нова демократија Мицотакис да му се придруи во рушење на Преспанскиот договор. „Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и тамошната влада предводена од Нова демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор бидејќи ниту на едните ниту на другите не им се допаѓа тој договор“, ќе изјави Мицковски. Тоа што му се обраќа на политичар кој во Договорот ги оспорува „македонската нација“ и „македонскиот јазик“, се чини помалку важно. Не ја разбирам логиката. Замислете го Преспанскиот договор како мост за комуникација меѓу две држави…
Арбен Таравари во изјава за ТВ Телма демантира дека неговата коалиција ќе раководи со шест министерства и додава дека се уште е рано да се прецизира. Негира и дека веќе е постигнат договор на „Вреди“ да и припадне позицијата претседател на Собранието. Екипите на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ работат интензивно, мислам дека со заедничката програма се при крај. За кадровските решенија почнато е, но се уште нема никаков договор, така што сите вести што излегуваат се дезинформации додека нема дефинитвен договор. Нормално, претседател на парламентот е едно од нашите барања, вели Таравари.
Во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 31 лице, а 20 се ранети, соопштија денеска болницата Ал Акса и очевидци. Во соопштението на Цивилната одбрана се вели дека „тимовите на цивилната одбрана пронашле 31 мртво лице и 20 ранети лица во куќа на семејството Хасан кое било цел на израелските окупаторски сили во кампот Нусејрат“, додавајќи дека потрагата по исчезнатите продолжува. Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот. Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца…
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа „тешко слетување“, објави иранската државна телевизија, без веднаш да даде детали. Раиси отпатува во иранската провинција Источен Азербејџан. Државната телевизија соопшти дека инцидентот се случил во близина на Џолфа, град на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од иранската престолнина Техеран, а спасувачите биле отежнати од силниот ветер и дождот. Сè уште нема официјална информација за тоа во каква состојба е Раиси. Раиси беше во Азербејџан во неделата рано наутро на отворањето на браната со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Иранската државната новинска агенција ИРНА објави дека хеликоптерот „паднал во несреќа…
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа „тешко слетување“, објави иранската државна телевизија, без веднаш да даде детали. Раиси отпатува во иранската провинција Источен Азербејџан. Државната телевизија соопшти дека инцидентот се случил во близина на Џолфа, град на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од иранската престолнина Техеран, а спасувачите биле отежнати од силниот ветер и дождот. Сè уште нема официјална информација за тоа во каква состојба е Раиси. Раиси беше во Азербејџан во неделата рано наутро на отворањето на браната со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Иранската државната новинска агенција ИРНА објави дека хеликоптерот „паднал во несреќа…
Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Северна Македонија, Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, на кои им го честитал изборниот резултат на 8. мај, велејќи дека тоа е првпат албанската опозиција да достигне над 100 илјади гласови. На средбата се разговарало за прашања од значење за Албанците во Северна Македонија, но и за меѓудржавните односи, како и за други важни прашања. Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, а загржувачко за соговорнците е руското и српското влијание, кое се случува и преку коруптивни и криминални мрежи.…
Бранко Тричковски Откако Ацо јави дека купил стан во Санта Марта и дека планираат со Весна последните сто години од животот да ги поминат во оваа волшебно колумбиско место на брегот на Атлантскиот океан, престанав да мислам дали вмро ќе го собори Преспанскиот договор, дали ќе ја ослободи Македонија од албанското ропство, дали ќе формира влада и дали ќе воведе диктатура, односно дали мислат да ме стрелаат или да ми се фатат за курот, понеже стрелањето е еднократен чин, а во фаќањето на мојата машкост можат да уживаат, па да не претерам, најмалку уште десетина години. Престанав да се интересирам…
Черчил беше вистинскиот човек за вистинската работа во вистинско време. Еден од големата тројка на антихитлеровската коалиција падна од власта само што стивнаа топовите во Европа! Каква е таа меморија на риба кај јавното мислење? И кај нас имавме политичари кои во изминатите години добија три битки: со епидемијата, со енергетската криза и конечно со одржувањето на економијата во продуктивна форма во услови на светска економска криза. И заминуваат кога состојбите се нормализираат, благодарение на нивниот ангажман!? Љубомир Костовски Кога заврши Втората светска војна во Европа, британските гласачи го симнаа Винстон Черчил од функцијата премиер. Практично експресно и дури демонстративно,…
Цивил медиа.мк „Никој нема да се откаже“ – изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за АФП, коментирајќи ја руската офанзива. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за АФП рече дека Украина ќе ги задржи своите одбранбени линии за да го спречи секој голем руски пробив, а окупаторите немаат доволно сили за „целосна офанзива врз главниот град“. Во продолжение, клучните поенти од интервјуто на АФП со украинскиот претседател Зеленски. Руска офанзива на Харкив Тие ја започнаа својата операција. Се состои од неколку бранови. Имаше прв бран и ситуацијата таму е контролирана. Руските сили се „пет до десет километри…