Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Во интервју за Радио телевизија Косово, Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата Вреди, изјави дека во идната влада Албанците ќе имаат шест министри и дека Вреди ќе ја има и функцијата претседател на Собранието. Министрите од Вреди, како и останатите владини и други државни функционери, ќе бидат експерти во своите области, а кадровските решенија ќе ги имаме веќе кон крајот на следната недела, најави Таравари во интервјуто за РТК.
Ахмети, не губи контрола, биди смирен, терај сo мултиетничката коалиција и биди конструктивна опозиција, му порача коалицијата Вреди на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ја предводи, како што се нагласува, мултиетничката коалиција Европски фронт. Реакцијата е кон изјавата на Ахмети дека одлуката на ДИК за прегласување на седум избирачки места, се должи на изборен инженеринг со цел да му се наштети на Европскиот фронт. Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи ги разоткрива своите незаконски дела,…
Државната изборна комисија, ДИК соопшти дека ќе се прегласува во Изборната единица,И 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1.194 и 1.202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година. ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина…
Букурешт: Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти. Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ. Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување, граничната полиција и два блиски комерцијални брода. Не се познати причините поради кои бродот потонал.
Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип. Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случила попладнево во угостителски објект во Штип. Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори. Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.
ДУИ не може да се помири со губењето на политичкиот монопол во власта. Коалицијата на ДУИ со ромски, турски и бошњачки партии освои 30тина илјади гласови повеќе од чисто етничката коалиција на Арбен Таравари која освои над 100 илјади гласови од Албанците во Македонија. И бидејќи ДУИ по 22 години во власта, независно од резултатите на сите влади во кои учествуваше до сега, не е посакуван партнер во идната влада, почна да фрла со дрвја и камења по коалицијата “Вреди” на Таравари. По неуспешниот обид на плоштадот Македонија со борбените извици” “УЧК,УЧК” да ги обединат сите Албанци околу себе, со…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес, АФП, изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев. Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас. Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје. Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на…
Вработен во Министерството за внатрешни работи е фатен со мито од 12.500 евра, соопшти МВР Лицето И.М. било вработено како виш аналитичар во СВР Скопје. Осомничениот е лишен од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ. По пријава од три оштетени лица, на 17-ти мај наведената особа е фатен на лице место во моментот на примопредавање на 12.500 евра претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија. Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои осомничената особа ги користела при…
Постизборната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ е сè поверојатна, впрочем желба за тоа има на двете страни. Елена Гаговска и Афије Шерифи Меѓутоа, неизвесно е што ќе договорат потенцијалните коалициски партнери околу темите за кои во предизборието имаа различни, па дури и спротивставени ставови, како што се внесувањето на бугарската етничка заедница во Уставот, замената на терминот „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ во Уставот со „албански јазик“ и судбината на балансерот за вработување во администрацијата. Исто така, неизвесно е како во целата ситуација ќе се постави ДУИ, која во моментов има повеќе пратеници од „Вреди“. На овие…