Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Контраадмиралот Даниел Хагари од израелските одбранбени сили изјави дека армијата пронашла три тела на заложници од Газа, меѓу кои и 22 годишната Шани Лук девојката која стана симбол на нападот на Хамас по киднапирањето за време на музичкиот фестивал. Хагари изјави дека телата – идентификувани како Ицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук – биле откриени во операција во текот на ноќта на армијата и израелската служба за безбедност Шин Бет. Медиумите потсетуваат дека Шани беше на мировниот музички фестивал во близина на Кибуц Урим кога се случи нападот на 7-ми октомври минатата година. Недолго по нападот на фестивалот, почна…
Вашингтон: Американската влада одлучи да ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога што значи дека луѓето кои ја користат или поседуваат оваа супстанца нема да одат во затвор. Премногу животи се превртени наопаку од нашиот неуспешен пристап кон марихуаната, напиша американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Икс.
Министрите за надворешни работи на 13 земји членки од групата Г7 потпишаа прдупрдувачко писмото до израел напишано на четири страници. Во него стои предупрдување до Израел противнеговата воена офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Во писмото до израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, министрите го истакнаа правото на Израел на самоодбрана и ги осудија терористичките напади на 7-ми октомври од страна на Хамас и другите исламистички групи но и стовремено тие ја повикаа владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи се за да ја ублажи катастрофалната и влошена хуманитарна криза во Појасот Газа. Земјите од…
Хаг: Во највисокиот суд на ОН денеска почнува дводневно рочиште за барањето на Јужна Африка да се запре воената операција во градот Рафа на југот на Појасот Газа, каде што повеќе од половина од жителите на палестинската територија се засолниле од конфликтот. Јужна Африка побара од Меѓународниот суд на правдата МКС, по четврти пат да нареди итни мерки откако земјата започна судење поради наводите дека воените дејствија на Израел во војната против Хамас се граничат со геноцид. Јужна Африка побара од судот да му нареди на Израел да се повлече од Рафа, да преземе мерки за да обезбеди непречен пристап…
Нов предизвик, нова тура, нова авантура“ – философијата на Миро Масин Александра Тодоровиќ Во современата македонска уметност Миро Масин блеска како една од најплодните и највлијателни фигури. Со својата непосредност и урбан карактер тој нè удостои со посетата во неговото атеље каде што разговаравме за неговата нова изложба која обележува 40 години од неговото творештво. Насловот на изложбата, „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“, алудира на неговата филозофија за животот – дека е потребно да се одвоиме од шаблоните на секојдневните обврски и рутини за да ја почувствуваме вистинската убавина и естетика околу нас. Масин не може да издвои…
На последниве избори не е поразен СДСМ туку поразена е иднината на РСМ, про НАТО и про ЕУ програмата на СДСМ и неговите коалициони партнети и ние кои ги подржувавме како граѓани ТИТО БЕЛИЧАНЕЦ Вчера носителот на државотворниот развој на македонската држава СДСМ со коалиционите партнери доживеа огромен изборен пораз. Но не паѓајте во депресија, бидејќи, не е поразена социјалдемократската идеа и идеологија и оние кои во неа веруваме. Депримирани се „прелетувачите” и оние членови кои членуваат во или гласаат за СДСМ заради остварување на вработуваее, кариера или остварување на некое свое лично право. Мнозинството граѓани кои излегоа на избори…
Вашингтон: Има сè поголем број странски актери, вклучително и недржавни актери, кои сакаат да влијаат на изборите во САД, а Русија, Кина и Иран се најзначајни, изјави директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс на сослушување во Сенатот. Русија особено останува најактивната надворешна закана за нашите избори. Целите на руската Влада во таквите операции на влијание обично вклучуваат поткопување на довербата во американските демократски институции, што ги влошува поделбите во САД и намалената поддршка на Западот за Украина, посочи Хејнс. Вчерашното сослушување беше прва јавна расправа на Комисијата на тема изборниот циклус во САД во оваа година.