Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Олаф Шолц: Никој не треба да претерува со очекувањата за мировната конференција за Украина, која во јуни треба да се одржи во Швајцарија, јави. Нема да преговараме таму за да ставиме крај на војната. Во најдобар случај, ова е почеток на процес кој може да доведе до директни преговори меѓу Украина и Русија. Во Швајцарија тие ќе бидат за безбедноста на нуклеарните централи, извозот на жито, прашањето за размена на воени заробеници. На Украина итно и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана. Путин очигледно сака да ја уништи инфраструктурата на Украина, нагласи германскиот канцелар.
Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%. Најмалку информирани за иницијативата се во Косово (43%) и во Босна и Херцеговина (26%). Анкетата на ИРИ ги прашала граѓаните во регионот дали ја подрржуваат оваа иницијатива. Најголема поддршка иницијативата Отворен Балкан има кај граѓаните од Северна Македонија (48%), а потоа во Србија каде…
Зошто ВМРО-ДПМНЕ, уште недојдени на власт, ја стави Македонија во трета брзина во односите со соседите, со Европа и со светот? СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА За два месеци новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова најверојатно ќе треба да ја преставува Македонија на јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон и да седне на иста маса со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Од НАТО утрово ја потсетија со кое име е примена Македонија во членство и како е преставена, односно дека за нив не постои држава „Македонија“. На самитот ќе биде и претседателот на САД, Џо Бајден, кој има извршна наредба за тие што ќе се обидат…
Секоја власт ги расипува властодржците, а апсолутната власт ги расипува апсолутно. Таа лесно станува страховлада. Првиот предуслов за тоа е напад за медиумска слепа послушност ЕРОЛ РИЗАОВ Би било фер на новата влада да ѝ се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува ниту во развиените парламентарни демократии. Новиот мандатар Христијан Мицкоски се откажа од една таква „привилегија“ на која, ако…
Анкара: Турските власти уапсија нови 544 лица осомничени за врски со свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година. Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и дека користеле шифриран комуникациски систем „Бајлок“.
Тбилиси: Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“ и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да се приклучи на заедницата. Новиот закон ќе бара организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“ или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија кои Кремљ ги користеше за да ја задуши опозицијата и граѓанското општество. Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи…
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија и реши да и се врати на академската кариера. Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим. Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават. Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет. Во однос на административната и логостичка поддршка која…
Пекинг: Рускиот претседател Владимир Путин неделава ќе отпатува за Кина, прва странска дестинација од својот петти мандат. Дводневната посета е навестена за в четвртоки и е на покана на кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Изборот на Кина за негова прва дестинација по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Откога Москва ја почна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година и воведувањето на западните санкции, Русија е во голема мера меѓународно изолирана. Кина не ја осуди агресијата туку зазеде неутрален став.