Author: Zoran Ivanov

Тирана: По претставниците на македонското малцинство, официјално и  Здружението „Омонија” кое  го претставува грчкото малцинство во Албанија, се спротивстави на објавените резултати од Пописот спроведен во 2023 година, а кои Институтот за статистика, ИНСТАТ,  ги објави вчера. Во реакцијата  “Омонија” резултатите ги нарекува неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Исто така, во име на Грците во оваа земја, изразуваат загриженост и за бројките за населението, кои се однесуваат за верска припадност, не прифаќајќи го дури и бројот на православните во земјата. Конкретно, сакаме да изразиме загриженост во однос на димензијата на сликата на религиозниот состав…

Read More

Москва: Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов. Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба, додаде Смирнов. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим. Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили…

Read More

Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, денеска на презентирањето на пописните резултати, демонстративно ја напуштиле салата. Тоа откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стои име на државата Северна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик. Според претставници на Македонците кои биле присутни на презентацијата директорката на ИНСТАТ на забелешката рекла дека е тоа име на државата, но на дополнителната забелешката дека сите малцинства имаат матична држава, а се напишани…

Read More

Албанската опозиција реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“. -Денеска ИНСТАТ ги објави податоците од пописот за бројот на населението и становите. Во двата случаи има манипулација. Бидејќи, според ИНСТАТ, населението во Албанија е над 2,4 милиони и за 12 години се додадени само 70 илјади станови. Ова е целосна манипулација. Првата, манипулација е со податоците околу бројот на преостанатото население во Албанија. Според податоците на Евростат, повеќе од 900.000 луѓе…

Read More

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на м-р Сашо Тасевски. На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани. Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност…

Read More

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска оддржа прес-конференција пред седиштето на партијата, на која кажа дека во недела таа нема да излезе да гласа и ги повика останатите противкандидати да го сторат истото. Моето име ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите се веќе испечатени, но јас лично нема да излезам да гласам и се разбира дека тоа треба да го направат и останатите. Не е прашањето кој од нас четворица ќе бид еизбран, влогот е многу поголем. Во прашање е СДСМ и легитимитетот на сите одлуки што во иднина треба да бидат донесени, порача Петровска. Во…

Read More

Партијата на Македонците, Mакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) како единствена партија која ги застапува интересите на македонската заедница во Албанија, изразува огорченост и непризнавање на објавените резултати од Пописот во 2023 година, нагласувајќи дека бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани, изјави лидерот на партијата Васил Стерјовски на прес-конференција во Корча. Од име на партијата порача дека македонската заедница не може да биде колатерална штета на патот на Албанија кон европското членство, поткрепувајќи го тоа со заканите на Бугарија, најпрво со признавање на непостоечкото бугарско малцинство, а потоа и со нереагирање на нивните предупредувања за заканите од…

Read More

Скопје: Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу. Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и на тоа место ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Read More

Задоволство ми е да објавам дека Европскиот совет донесе одлука поранешниот португалски премиер Антонио Кошта да биде избран за нов претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен да биде предложена за претседателка на Европската комисија и во следниот мандат, а естонската премиерка Каја Калас да биде кандидат за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изјави актуелниот претседател на Европскиот совет Шарл Мишел. Мисијата е завршена. Европскиот совет испорача. Имавме важна тема што требаше да ја завршиме и ние го направивме тоа, нагласи Мишел на прес-конференција по завршување на Самитот на ЕУ. Според него, Европскиот совет ја…

Read More

Скопје: Со меѓународна изложба на аналогна фотографија вечерва во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе биде отворен третиот Mеѓународен фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“. Како што информираат од Фестивалот, делата, испратени на отворен повик се избрани од деветчлено меѓународно жири и претставуваат своевиден пресек на современите текови во светската фотографија. Ќе бидат претставени над 20 автори од цел свет. На 10 јули годинава во галеријата на Факулетот за ликовни уметности – Скопје, во Сули ан, во 20 часот, ќе се отворат две авторски изложби: „Форма“ на Наталија Копкина од Хелсинки и избор на дела на Бабакк Хаџи од Техеран. Двајцата се…

Read More