Author: Zoran Ivanov
Женева: Заменик извршниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан, информираше во Советот за безбедност на ОН дека телата на илјадници исчезнати деца остануваат закопани под урнатините во Газа. Чајбан говореше на специјалниот состанок на Советот за безбедност на ОН за неодамнешниот извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за насилството врз децата во вооружените конфликти. Во 2023 година, 4.312 палестински и 70 израелски деца беа убиени или осакатени, што претставува 37 проценти од сите верификувани случаи на убивање и повредување вклучени во извештајот, рече Чајбан.
Брисел: Бугарија не ги исполнува целите за ценовната стабилност туку само три од критериумите од Мастрихт за влез во еврозоната, се наведува во извештајот на Европската комисија претставен денеска. Извештајот ја испитува подготвеноста на уште пет земји кои имаат законска обврска да влезат во еврозоната – Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска. Од Комисијата прецизираат дека ниту една од споменатите земји не е подготвена за воведување на еврото.
Скопје: Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. Bиле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата, информираат попладнево од владината прес-служба. Мицкоски ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот. Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период. Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување…
Израелските сили извршиле воздушен напад врз семејната куќа на Исмаил Ханије, лидерот на Хамас, во западниот град Газа, при што биле убиени 10 членови на неговото потесно семејство. Според агенциски извештаи, најмалку 10 членови на неговото семејство биле убиени, меѓу кои и неговата сестра. На 10. април лидерот на Хамас ги загуби своите три сина во израелски напад врз нивниот семеен автомобил во кампот Шати.
Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една година, а двете страни дадоа многу различни прикази за разговорот потоа. Пентагон соопшти дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот руски колега Андреј Белоусов разговарале за важноста на отворените линии на комуникација. Остин го иницираше повикот и тоа беше прв таков повик од март 2023. година, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Белоусов го предупредил Остин за опасностите од континуираната испорака на американско оружје за Украина во нејзиниот 28-месечен…
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американски суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во спогодба со американскиот правосуден систем со која заврши долгата правна битка и ја напушти судницата како слободен човек и може да се врати во родната Австралија по години во егзил. Судијката Рамона Манглона ја одобри спогодбата со обвинителите, ставајќи крај на 14-годишната сага. Во согласност со спогодбата, таа го осуди на затворска казна, која тој веќе ја одлежа. Тој помина пет години во затвор во Обединетото Кралство. По читањето на пресудата, обвинителството веднаш го повлече барањето за…
Германската Фондација Југоисточна Европа почна со подготовките на церемонијата за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е нашиот колега Џабир Дерала. „Со задоволство го објавуваме победникот на нашата Награда #Солидарност за #новинари од Југоисточна Европа за 2024 година, Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Честитки“ – се вели во објавата на социјалните мрежи. Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент на 4 јули во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество. Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото…
Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Најчесто се обидува да го корумпира индиректно, а главно му бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци или услуги. Повеќето компании тоа не го пријавуваат, дел сметаат дека ќе пропаднат, а дел не веруваат дека ќе има каков било ефект. Ова го покажува анкетата што ја спроведе Стопанската комора во март годинава, а се однесува на 2023 година. Според податоците, на пет компании им биле побарани преку 100 000 евра, а на другите од кои исто така се барале пари, 1 000 – 10 000 евра.…