Author: Zoran Ivanov
Во Собранието почна пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се очекува Мицкоски да ја образложи програмата и предлогот за состав на владата по што треба да започне дебатата по предлогот. Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници. На 18 јуни, по поднесувањето на предлогот за состав на владата, Мицкоски изјави дека очекува расправата да заврши до недела до полноќ, a од понеделник веќе да…
НОВАтв.мк накусо ги преставува кандидатите, сегменти од нивните визии содржани во нивните изборни програми и нивни предизборни пораки Александар Бајдевски – Слобода, праведност, солидарност Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на СДСМ. Визијата за партијата е нејзино реструктурирање и децентрализација и поголемо учество на членовите во одлучувачките процеси. Визија за социјалдемократска Влада заснована на мисија со конкретни цели за подобрување на животот на сте граѓани, како и визијата за модерен и меѓународно влијателен Социјалдемократски Сојуз на Македонија, со изградени коалиции внатре и надвор од државата. Првата работа што треба да се направи…
Бриж: Никогаш немало потешко време за борба за Европа, но и никогаш немало поважно време за борба за Европа, изјави синоќа германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер. Во говорот пред студентите на Европскиот колеџ, елитна институција која ја обучува следната генерација службеници во институциите на ЕУ во белгискиот град Бриж, тој рече дека следната генерација претставници на ЕУ мора да ги бранат слободата и демократијата, идеалите на европската Унија, објави веб-страницата на германското претседателство. Штајнмаер ги повика студентите да бидат оптимисти и покрај Европа во која се чини дека кризната состојба е новата нормала.
Вашингтон: Американските власти ги информираа руските дипломати во Америка дека филијалите на визните центри во Вашингтон и Њујорк се затвораат, но конзуларната поддршка ќе продолжи и покрај зголемениот обем на работа, изјави за новинарите амбасадорот во САД, Анатолиј Антонов. Секојдневно се вршат напади врз нас, а денес пред еден час Американците ни испратија известување дека визните центри се затвораат и дека сега дополнителниот товар паѓа на рамениците на руските дипломати и конзули, изјави руски дипломат по церемонијата. Антонов се пожалил дека американската страна не ги објаснила причините за ваквата одлука и дека Русија се уште не најавила можни возвратни…
Собранието денеска во 11 часот треба да ја почне седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. По поднесувањето на предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа на 18 јуни, Мицкоски изјави дека очекува расправата за избор на владата да заврши во недела до полноќ, a од понеделник веќе да почнат со работа. Предложените членови на владата, како што изјави, се мотивирани веднаш да постигнат резултати, да го вложат масимално нивниот капацитет, бидејќи граѓаните имаат големи очекувања. Најави дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и ќе нема толеранција за…
Заемот од една милијарда евра што новата влада на Македонија ќе го добие од Унгарија, е најголемиот што владата на Будимпешта некогаш го одобрила некому откако Виктор Орбан ја презеде власта. Идниот министер за транспорт и врски Александар Николоски од партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека новата Влада, чие гласање е закажана за утре, ќе се задолжи за една милијарда евра во странство. Тој рече дека нема да се земе заем од Кина туку од ЕУ држава. Се одлучивме на овој чекор бидејќи каматните стапки на меѓународните институции како Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во моментов се над 5 проценти“, рече…
Скопје: Македонска државјанка на 29 годиншна возраст загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун. Во текот на денешниот ден, во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која го изгуби животот М.Н. државјанка на Република Северна Македонија. Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што двете повредени се хоспитализирани, се наведува во соопштението од МНР.
Вашингтон: Во Сенатот на САД е поднесен нацрт – закон за прогласување на Русија за држава спонзор на тероризмот. Документот беше претставен од сенаторот републиканец Линдзи Грем и неговиот демократски колега Ричард Блументал. Според мислењето на авторите на оваа иницијатива, со давањето таков статус на Русија САД значајно ќе го зголемат достапот до инструменти за казнување на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, деструктивните дејствија во Африка и низ целиот свет. Неодамнешниот договор на Русија за воена алјанса со Северна Кореја, еден од најрепресивните режими на планетата, е последна капка и САД повеќе не треба да се воздржуваат…
Ангела Агелер: Искрено кажано, очекувам од нив, колку што можат побрзо, да ги испорачаат ветувањата кои ги дадоа за време на кампањата. Разбирам дека тоа е тешко, но граѓаните тоа од нив го очекуваат. Оттука, многу е тешко да се премине од водење кампања до владеење и новите министри се уште не положиле заклетва, тоа не го направил ниту идниот премиер, очекуваме тоа да се случи викендов… Очекувам да видам како тие, а така ќе беше за која било влада која ќе дојдеше на власт, дали на реториката од кампањата и дадените ветувања ќе одговорат со конкретни дела. На крајот, како…