Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.
Ништо од замрзнати цени – ќе се ограничат само маржите. Во меѓувреме, трговците си ги качија цените, дури и на производи кои не беа предвидени да имаат замрзнати маржи. Трговците се секако задоволни, а со нив и коморџиите. А падна и вредноста на просечната плата. Капиталот знае да се чува, а моќта на богатите врз политиката е сѐ поочигледна Љубомир Костовски Наместо замрзнување на цените, продуктите што ќе се најдат во „есенската кошничка“ ќе бидат со ограничени маржи од бруто 10 проценти, објасни минатата недела министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Леб, пекарски производи, млечни продукти, овошје и зеленчук,…
Крајно време е за соочување со грдата реалност на војни, природни катастрофи, енормна сиромаштија, нееднаквост и нерамноправност, кршење на меѓународното право, па дури и на jus gogens, практикување на правото на мажите, наместо владеење на правото, жртвување на правдата, етиката и моралот заради профит и моќ, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на Самитот на иднината во Обединетите Нации во Њујорк.
Вашингтон: Потпретседателката на САД, Камала Харис има поддршка од 50 отсто, додека поранешниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 47 проценти во трката за претседателската функција, објави Си-Ен-Ен во својата анкета, која ја нарекува „анкета на сите анкети“.
И покрај руските напори да го попречи договорот, меѓународната заедница усвои план за реформи на ОН на денешниот Самитот на иднината во Њујорк, јави ДПА.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Џо Бајден да и дозволи на Украина да изврши напади со долг дострел во Русија користејќи оружје доставено од САД и да обезбеди „место во историјата“ со „зајакнување на Украина“ пред да ја напушти функцијата.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вели дека Предлог-законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието.
Претседателот на партијата Алтернатива, Зеиќирија Ибрахими, кој е дел од владината коалиција Вреди, во интервју за весникот ЛАЈМ, изјави дека Албанската академија на науките и уметностите во Македонија ќе почне со работа во 2025 година.
Стотици илјади луѓе побараа засолниште од ракетите на Хезболах истрелани од Либан кон северен Израел, соопшти војската, додека официјален претставник на ОН предупреди на претстојната регионална „катастрофа“ од влошувањето на насилствата.
Сигурно се дразнела Нашата претседателка, со “Инвокацијата на Венера” барајќи во своето тенеќе како да нѐ полази со агресорската, диктаторска, туѓа пропаганда, да се покаже пред светот како го цени мирот, но исклучиво оној мир во кој првиот Марсовец е победник во војната. Емилија Целакоска Настрана смешноста на песничката на Гордана, го знаеме тој тип уште од мали нозе: Преамбициозни за сѐ, но не и со дар за сѐ. Дури и не им е право што е невозможно да се има дар за сѐ. Таа претерана амбиција ги мами да ставаат преправање на местото кадешто припаѓаат многу чесни обиди кон…
Игор Иванов Изи: Исклучително ми е драго што и на ова јубилејно издание сме повторно заедно во Битола да го прославиме 45. Манаки – нашиот најважен проект. За само неколку месеци од денеска, ДФРМ прославува 75 години постоење. И верувам ќе се согласите дека овие бројки се мошне битни дури и за многу помоќни кинематографии од нашата. И додека ние овде во Битола го славиме филмот, македонската кинематографија, а со неа и филмските работници од Македонија ги живеат можеби едни од потемните денови на современата културна историја. Изминативе години бевме соочени со безумни кратења на буџетот за филм, наспроти на…
