Author: Zoran Ivanov

Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи утре, недела, 21 април 2024 на МРТ 1.

Read More

Вашингтон: Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци. Американски извори  потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу  заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер. Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер. Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел. Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар…

Read More

Научниот вонреден професор Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области. Мојсов е светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина. Македонката Светлана Мојсов е всушност жената која стои зад лекот блокбастер Оземпик, лекот за дебелина, заслужна за откритието на хормонот ГЛП-1 (GLP-1). Долги години се борела за признавање на својот придонес, наградите ги добивале други наместо таа, сè додека не почнала правна битка. После толку години…

Read More

Дали навистина е неопходно на овие избори да ја отвориме „Пандорината кутија“ која ја затворивме со Охридскиот рамковен договор, односно како што бара Силјановска-Давкова, да се спротивставиме на „етнократијата“ и да ја вратиме (неконсезуалната) демократија. Во ваква или императивно поинаква демократија, секој треба да има слобода на говор и слободно да се изрази, но претендентите за владеење кога нудат „револуционерни“ промени па макар и преку враќање назад на предрамковно време, чесно е да кажат и на кој начин планираат да управуваат со поврзаните ризици по внатрешната стабилност на Републиката. Овие внатрешни напрегања во минатото имаа цена, не само во човечки…

Read More

19-ти април – Хроника Синоќа од Охрид и Струга, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски порача дека ЕУ е единствената шанса за напредок на државата.

Read More

Багдад: Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација, ПМФ, на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, а само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Багдад.

Read More

19-ти април Привршува кампањата за претседателските избори. Со поклопување на активностите на кандидатите со кампањата на партиите за парламентарните избори, спласнува динамиката на претедентите за претседател на Република Северна Македонија, а интензитет добиваат предизборните партиски настани.

Read More

Тепаниот пак од вмровците на 27 април, сега кумановски градоначалник Максим Димитриевски, кој новиот мандат му го должи на Мицкоски и гласачите на ДПМНЕ, вели дека ја поздравува идејата за обединување, но вели дека тоа е негова идеја.

Read More