Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
18-ти април- хроника Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартуваше парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а имаше и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Решителна и поефикасна борба против корупцијата, реформи во судството, повисоки плати и пензии, поддршка за младите, стопанството,.. најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на стартот на кампањата за парламентарните избори. Во обраќање на настанот „Нема откажување од европската иднина“ во присуство на носителите на листи во шесте изборни единици упати пораки дека нема откажување од патот за членство на државата во ЕУ кое рече дека ќе се случи до…
19-ти април – денешни активности: Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава. Во исто време, продолжуваат и активностите за кампањата за претседателските избори која ќе трае уште четири дена.
Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал.
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
18-ти април Денеска почна и кампањата за парламентарните избори закажани за 8-ми мај. Отсега па во неколкуте наредни дена, до молкот пред претседателските кој стапува на сила ден пред првиот круг избори на 24-ти овој месец, двете кампањи, претседателската и парламентарната ќе се поклопуваат.
Баку: Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за в петок закажа состанок на Советот НАТО.
Загреб: Објавени се првите официјални резултати од изборите во Хрватска.
Седумтемина кандидати за Претседател на република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, влегоа во самиот финиш од своите кампањата за изборите закажани за 24-ти овој месец.