Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Zoran Ivanov
Пало Алто: Американската компанија Тесла, во сопственост на Илон Маск, ќе отпушти 10% од своите вработени поради падот на побарувачката за електрични возила. Компанијата побара од своите менаџери да ги идентификуваат клучните членови на тимот и да го паузира наградувањето, а откажана е и годишната евалуација на некои вработени.
15-ти април Кандидатите за претседател на Република Северна македонија Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Мирчевска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски и денеска низ државата ги убедуваа граѓанитре во своите програми.
Џабир Дерала: Во последниот извештај имаше податок дека човековите права и слободи се прекршени, а меѓудругото се однесуваше на тоа дека според информациите што ги соопшти ДИК а го добила од МВР е дека над 1040 граѓани и граѓанки кои првпат гласаат, всушност не ќе може да гласаат во вториот круг и тоа според нас е кршење на гласачкото право. Она што ние постојано го повторуваме е дека државата има обврска да обезбеди максимални услови за секој граѓанин со навршени 18 години и е државјанин на нашата држава, да има можност да гласа, и ако не гласа и еден е…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во судот на Менхетен на историско кривично судење за поткуп на порно ѕвезда, кое може да трае со недели и да го искомплицира неговиот обид да се врати во Белата куќа. Трамп е првиот поранешен претседател на САД кому му се суди за кривично дело.
Евроамбасадорот Дејвид Гир не ја коментира изјавата на претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи дека уставните измени ќе бидат услов за формирање на идна влада, но повторува дека очекува спроведување на овие измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ. Пред почетокот на панел-дискусијата „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан“, која се одржа денеска во ЕУ-Инфо центарот, во одговор на новинарско прашање дали ваквиот услов ќе значи вовед во политичка криза, рече дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го продолжи патот на земјава кон Европската унија.…
Израел го активира противоздушниот систем „Железна купола“ кој пресретна и уништил повеќе од 90% од беспилотните летала и проектили што Иран ги насочи кон Израел
Ерусалим: Израел ќе одговори на нападот на Иран, но не се донесени конечни одлуки за големината или времето на одговорот, изјави израелски функционер за NBC News.
14-ти април Продолжува кампањата за претседателските избори. Првиот круг е закажан за 24-ти април. На 18-ти овој месец, почнува и кампањата за годинешниве парламентарни избори закажани за 8-ми мај.
Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство од нив беа пресретнати и соборени.