Author: Zoran Ivanov
Вашингтон: Украина употребила американско оружје за да нападне цели во Русија во изминатите денови, јавија американските медиуми повикувајќи се на изјава на американски сенатор и западен функционер запознати со тоа прашање. Оружјето беше користено според неодамна одобрените насоки на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи им на американското оружје да се користи за напад во Русија со ограничена цел за одбрана на Харков, вториот по големина град во Украина.
Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија. Таа нова историја ќе ја пишува Влен како победници во чисто албанскиот политички кампус, велат од коалицијата Влен. Времето на 22 години режим на ДУИ два пати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно заврши. Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција. Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил…
Русија вчера одговори со нова закана за ескалација на извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да и помогнат на украинската армија. Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинската армија нема имунитет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Не е важно дали се Французи или не“, додаде тој. Минатата недела, украинскиот врховен командант Олександр Сирски изјави дека француските инструктори наскоро ќе пристигнат во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела за време, наскоро може да објави мала коалиција на земји кои сакаат да испратат инструктори во Украина, објави…
Ахмети: Не може секој да добие мандат за да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во новата влада
Нашите политички противници нека се подготват за новиот предизвик кој следи следната година на локалните избори, истакна Али Ахмети, лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во обраќањето на прославата за 22 години од формирањето на оваа политичка партија, а посветено на актуелните превирања во албанскиот блок по парламентарните избори. Секој може да добие мандат да формира влада, но не може секој да добие мандат да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во таа влада, рече Ахмети, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, од каде најавија формирање на нова влада. Ахмети пред сопартијците во ресторанот „Нов Албис“ во гостиварска Долна…
Програмата за мојата кандидатура за претседател на СДСМ ја нареков Манифест за Социјалдемократијата. Тука давам личен и емотивен осврт на тоа како јас ја доживувам и СДСМ и како црпам мотивација за да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во интервју на Цивил и Слободен печат. Јас се трудам без оглед на тоа што понекогаш ми замеруваат дека имам долги одговори на некои прашања меѓутоа во работата се трудам да бидам практична и прагматична. Има пет приоритети кои СДСМ треба час поскоро да ги заврши по изборот на претседател, се до…
САД лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, што е првото од двете пробни лансирања планирани за оваа недела Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Минутмен 3 , а во соопштението се наведува дека пробната програма за лансирање е дизајнирана во насокаа да се потврди безбедноста, ефективноста и подготвеноста на системот за оружје. Минутмен 3 патувала преку 6.400 километри со брзина поголема од 24.000 километри на час до Маршалските Острови во централниот дел на Пацификот. Ова пробно лансирање го означува почетокот на извонредната недела за нашите воздухопловци во Ванденберг, со две планирани…
Ана Чупеска Тешкото одвојување и предавање на власта, знаеме сите, е една авторитарна карактеристика која несомнено ги следи ВМРО ДПМНЕ. Ако, ги заборавиме лудите идеи на шарлатанот Брат Љубе во 2002, кога по поразот на изборите имаше обиди за насилство врз институциите кои за среќа не му поминаа; не ги забораваме и сведочевме на судски процеси врзани за пеколниот план на непредавањето на власта во 2016-2017. Тоа непримопредавање траеше, горе доле околу една година, а главна ѕвезда на апсурдот беше Трајко Вељановски во улога на Претседател на Собранието. Ефектот од ова, заврши со ударот врз уставниот поредок познат како 27…
На конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата. Заради обезбедување континуитет во работата на Владата, Владата ќе ги врши само најнеопходните функции до изборот на нова влада, соопшти попладнево Кабинетот на претседателот на Собранието. Оваа практика, како што е посочено во соопштението, не се случува за…