Author: Zoran Ivanov

Во Собранието денеска ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Собранието треба да ги донесе законските измени за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Истото и измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри.…

Read More

Листата на српски претседател Александар Вучиќ победи на повторените изборите за главниот град на Србија. Актуелната белградска  позиција, според првичните неофицијални резултати, освои 52.6% гласови и ќе може самостојно да ја формира новата градска власт. Се уште неофицијални резултати, меѓутоа, упатуваат дека во Ниш, вториот значаен изборен центар, во водство, пред Српската народна партија на Вучиќ, е опозицијата и дека истото, според првичните пребројувања на гласовите, важие и за Чачак и за некои други градови во Србија.

Read More

Офир Фалк, главниот советник за надворешна политика на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска потврди дека Израел го прифатил планот за прекин на огнот во Газа, претставен од американскиот претседател Џо Бајден, пренесоа британските медиуми. -Тој (планот) не е добра зделка, но ние многу сакаме ослободување на заложниците, рече Фалк во интервју за „Сандеј Тајмс“. Фалк истакна дека условите на Израел за „ослободување на заложниците и уништување на Хамас како геноцидна терористичка организација“ не се променети и дека нема да има траен прекин на огнот додека тие не се исполнат. Американскиот претседател во петокот го претстави предлогот за прекин на огнот…

Read More

Еднопартиско предизборно рекламирање во медиумите се среќава на сите нивоа Гоце Трпковски и Васко Маглешов Тезата за поделба на медиумите на „наши“ и „ваши“ постојано лебди над македонската медиумска сцена, а голем дел од јавните гласила често се соочуваат со етикетирање дека се наклонети кон една или кон друга политичка опција. Овие етикети најчесто се лепат врз основа на известувањето, изборот на гости во емисиите или според други содржински критериуми. Но, има и ситуации кога медиумско-партиските спреги не се прашање на впечаток, туку стануваат очигледни. Една од тие ситуации е предизборното рекламирање на политичките партии, особено откако трошоците за него…

Read More

Офир Фалк, помошник на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во интервју за „Сандеј тајмс“ рече дека предлогот на Бајден за мир во Газа е „договор за кој Израел се согласил, но не е добар договор“. Тој додаде дека Израел сака ослободување на сите заложници. Главниот советник за надворешна политика на Нетанјаху изјави дека Израел го прифатил рамковниот договор за ставање крај на војната, но нагласи дека има недостатоци и се уште треба да се работи на него, пренесува Гардијан. -Има многу детали кои треба да се разработат, рече тој, додавајќи дека условите на Израел, вклучително и „ослободувањето на заложниците и уништувањето…

Read More

Држави кои се соочуваат со внатрешни политички кризи и кои демонстрираат национализам на внатрешен и надворешен план – не се во можност искрено и суштински да соработуваат со своите соседи, рече Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, во интервју за Цивил медиа.мк. Тој додаде дека национализмот подразбира наметнување на еден етникум наспроти друг, а во случајот на Западен Балкан тоа неминовно подразбира и конфликти со соседите и меѓу различните етнички групи кои се прелеваат од една во друга држава. Во случај кога постои меѓуетничка нетрпеливост на внатрешен или надворешен план во еден регион, тогаш не…

Read More

Тетово: Европскиот фронт предводен од ДУИ усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од последните избори. По обраќањето на сите лидери на партиите, декларацијата ја прочита претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Потписници се политичките претставници на фронтот и истата, како што најавија оттаму, ќе биде пратена и до сите државни институции и меѓународни претставници. Главнмата поента на Декларацијата е во пораката според која постизборниот легитимитет им припаѓа на политичките партии победници на изборите но единствено врз основа на етничката припадност. Конкретно од неодамнешните избори, на двете најголеми етнички „партиски победнички заедници –  македонската и албанската“.

Read More

Бранко Тричковски: И, замислете: СКМ во која оцениле дека бизнис пенетрациите на дуи се опасни за македонскиот олигархизам и решиле дека е помалку лошо да останеме без држава отколку да останеме без национална доминација во диригираната економија. Изборите беа формално финале на тоа востание на македонскиот народ против слободата! Парламентарните избори не беа ниту парламентарни, ниту избори. Тие беа маска на четите кои вмаршираа во селото што порано или подоцна ќе биде запалено. А претседателските беа најава за воведување на прочуениот мерит систем. Гордана е единица мерка на меритот кој ќе биде комплетиран кога Меџити и Гаши ќе ги инсталираат своите…

Read More

Што се случува со нашата обожувана претседателка? Каде е? Што прави? Мислам, за Македонија. Да не го пишува новиот устав во кој, конечно, ќе се знае кој е газда во Македонија? Или нема лента и квалитетни мртовци? Ако е  второто, нека го прати Жидас да ја извади кусата лента од кај Киро и да си ја стави преку рамото, како латино диктаторите или фудбалерите на Ривер плејт. Во тој случај, Гога не би морала да бара мртовец, понеже на снимките никој нема да познае дека Жидас не е мртов. Или нека го замоли Ивица да се жртвува за татковината. Ивица…

Read More

Њујорк: Познатиот американски актер Роберт де Ниро денеска ненадејно се појави во близина на судот во Њујорк за јавно да го нападне кандидатот за претседателските избори, републиканецот Доналд Трамп, за кого рече дека е кловн кој може да стане тиранин. Актерот го поддржува актуелниот претседател демократот Џозеф Бајден, а обраќањето на Де Ниро беше организирано од предизборниот тим на демократскиот претседател Бајден, додека во исто време, чекор понатаму, Трамп ги слушаше своите адвокати кои се залагаат за ослободителна пресуда во кривичната постапка против него.

Read More

Киев: Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана во Сингапур, рече дека е разочаран што одредени светски лидери не се обврзале да учествуваат на мировниот самит за Украина во Швајцарија. Кинескиот претседател, Си Џинпинг, нема да учествува, а колку што е познато нема да учествува ниту американскиот претседател, Џо Бајден. -Разочарани сме што некои светски лидери сè уште не го потврдија своето учество на мировниот самит, рече Зеленски, без конкретно да ги спомене Кина или САД. Зеленски денеска имаше „многу добар“ состанок со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Сингапур, бидејќи тој се…

Read More