Author: Zoran Ivanov

Вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, соопштија дека денеска извршиле голем ракетен напад врз Тел Авив, а израелската војска активирале сирени во градот предупредувајќи за можен напад. Во соопштението на својот канал Телеграм, бригадите Ал-Касам наведоа дека ракетите биле лансирани како одговор на, како што ги нарече, „ционистичките масакри врз цивили“. Телевизијата Ал Акса на Хамас јави дека ракетите биле истрелани од Појасот Газа. Сирените што предупредуваат за ракетен напад не беа активирани во Тел Авив во изминатите четири месеци. Итната медицинска помош соопшти дека нема извештаи за жртви. Нападот сигнализира дека исламистичката фракција се уште може да истрела ракети…

Read More

Брисел: Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде денеска во Брисел му ги предаде дипломатските документи на палестинскиот премиер Мухамед Мустафа, што е последен потег на таа скандинавска земја со цел да ја признае Палестина. Премиерот Мустафа в понеделник во главниот град на Белгија ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија и со високи претставници на блокот. Ирска и Шпанија, како и Норвешка, најавија признавање на Палестина, што е исто така историски потег по повеќе од седум месеци војна против Хамас во Газа. Официјалното признавање од Норвешка, Шпанија и Ирска, кои имаат…

Read More

Најмалку 12 лица загинаа, а 43 се повредени во вчерашниот руски напад на хипермаркет за градежни материјали во украинскиот град Харков, соопшти денеска обвинителството на Украина. Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија. Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад стотици метри во воздухот. Според локалното обвинителство, телата на десет од 12-те жртви се уште не се идентификувани. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека во моментот на рускиот напад во хипермаркетот имало околу 120 луѓе. Нападот беше насочен против трговски центар во кој имаше многу луѓе…

Read More

Вашингтон: Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство. Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.

Read More

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, постави венец, но бидејќи не го признава уставното име Северна Македонија, на венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“. Откако стапи на должноста, Давкова избегнува да го каже името на државата, а освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија. Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на…

Read More

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. Сиљановска Давкова изрази надеж дека Италијанската Република и во иднина ќе го поддржува мериторниот процес на исполнување на Копенхагенските критериуми во однос на евроинтеграциите. Воедно, таа изрази подготвеност за соработка со цел доследна реализација на сите неопходни реформи во клучните области кои беа нотирани од страна на Европската Комисија.

Read More

Чекам од ВМРО-ДПМНЕ да препознаат дека Македонија сепак има надворешен „агностички“ пандан, а тоа е исполнувањето на критериумите на Европската Унија автентично, со или без влез во неа. Да не се однесува затуцано како неавтентичен верник или сосила пропишан атеист кон тој пат, односно да не форсира ЕУ-„атеизам“. Емилија Целакоска Во 1986 г. бев основче кое многу измедитира над значењето што го прочитало во учебник – да сме живееле како 100 години да ќе биде мир, а да сме биле подготвени како утре да ќе било војна. Сметав дека тоа е невозможно за мене – да мислам и-вака-и-така истовремено. Прашувајќи…

Read More

Искра Пановска Димкова: Македонскиот јазик е истовремено и мал и голем јазик – мал е зашто го зборуваат мал број луѓе, а голем е зашто на него се напишани илјадници наслови уметничка литература, прекрасна поезија, но и врвни научни дела. Денес сме свртени кон европската иднина на нашата земја, а со тоа и на македонскиот јазик како рамноправен член на европското семејство јазици. За рамноправноста на јазиците впрочем зборувал и Св. Кирил пред точно илјада сто и шеесет и една година, кога ги изговорил зборовите актуелни и денес: Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не…

Read More