Author: Zoran Ivanov

Државната изборна комисија, ДИК, вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување. Како што информира претседателот на ДИК Александар Даштевски на прес конференција, во изборната единица, ИЕ 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74 287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27 278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26 668 гласови или три мандати, Левица има 9 850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10 793 или еден мандат и ЗНАМ 8 671 или еден мандат Во ИЕ 6 „Европски фронт“…

Read More

Седумте избирачки места во земјава каде денеска се прегласува за парламентарните избори 2024 се отворени навреме, а гласањето се одвива речиси без проблеми, забележале мобилни набљудувачи на Цивил. Прегласувањето, се одвива во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино. Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 15 часот е 34,87 проценти, соопшти Цивил. „Од вкупно запишаните 4.514 гласачи, гласале 1.574 гласачи. Во споредба со гласањето на 8…

Read More

Претседателот на Димитар Ковачевски на денешната седница на партискиот Извршен одбор официјално го потврдил повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побарал свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори. Ковачевски го потврди повлекувањето на денешната седница на партискиот Извршен одбор на СДСМ која ја најави на 8. мај, ка ако високо морален чин и согласно Статутот на партија иницираше свикување конгрес заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ избрани од конгресот. Интегрално дописот на Ковачевски до ИО на СДСМ: Почитувани другарки и другари, На 8 Мај 2024 година се одржаа парламентарните и вториот круг на…

Read More

Париз: Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека е преземена нова еднострана акција oд косовската полиција. Со неасе затворени канцеларии на Поштанска Штедилница и со тоа се придонесува за ескалација на тензиите и ги загрозува тековните преговори за изнаоѓање решение поврзано со Уредбата на Централната Банка на Косово.

Read More

Гордан Кајајџиев: Судството треба да се засили со истражители и да најде начин да се осамостои! За тоа требаат нови лидери. Да се откажат од влијанија и работите одма ќе тргнат на подобро. Да заборават на тоа дека имаат право да даваат претседатели на судови или обвинители. Тоа е како кај секоја диета: прво се откажуваш од колачиња … Исто така ни недостасува добра меѓународна соработка, изјави за „Фронтлајн“, Гордан Калајџиев. Линк

Read More

Скопје: Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 15 часот е 34,87%. Од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 1.574 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,21 % на овие избирачки места. Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 428 гласачи односно 43,10 проценти, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1202 каде до 15 часот гласале 67 гласачи односно 22,48 %. Во ИМ 2101 во Желино гласале 428 гласачи, односно 43,10 проценти. Во ИМ 1194 во Крушево гласале…

Read More

Во изминативе 35 години голем број држави ја признаа државата Палестина или признаа државата Палестина. Деновиве тоа решија да го сторат и Шпанија, Ирска и Норвешка. Седуммесечната војна меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, предизвикана од бруталниот терористички напад на израелска територија на 7-ми октомври ги обнови повиците за признавање на палестинската држава. Линк

Read More

Во изминативе 35 години голем број држави признаа држава Палестина или ја произнаа државата Палестина. Деновиве тоа решија да го сторат и Шпанија, Ирска и Норвешка. Седуммесечната војна меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, предизвикана од бруталниот терористички напад на израелска територија на 7-ми октомври ги обнови повиците за признавање на палестинската држава. Според палестинските власти, 142 земји од 193 земји членки на ОН ја признале Палестина. Четири карипски земји и тоа Јамајка, Тринидад и Тобаго, Барбадос и Бахамите се последните што се приклучија на листата, која не ги вклучува повеќето земји од Западна Европа и Северна Америка, Австралија…

Read More

Владата на Република Северна Македонија по побарано мислење од Уставниот суд, го разгледа случајот со користењето и случувањата околу новиот стадион во Тетово и донесе неколку заклучоци. Оценето е дека општината без законски основ го дала Стадионот на трајно користење на ЈП „Тетово транспорт“. Влада при носењето на заклучоците на денешната седница ги зеде предвид и одредбите на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, според коишто, надлежност да дава на трајно користење и да утврдува престанок на корисничко право, има само Владата на Република Северна Македонија. Заклучено е Генералниот секретаријат…

Read More

Да се дојде до некои договори многу е сложен процесот и кога ќе се дојде – тоа стои, така што сигурно можеме да кажеме дека да се промени некој договор, кој е склучен врз основа на многу тежок, долг и сложен процес, е уште потешко, бидејќи тогаш не се гледа некаква смисла. Сите оние кои учествувале сигурно не гледаат некоја голема смисла за таа енергија која била вложена повторно да се троши за нешто да се менува, туку да се реализира тоа“, рече амбасадорот Милан Јазбец, поранешен словенечки амбасадор и во нашава земја во интервју на „Слободен печат“. Според него,…

Read More

Осло: Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада. Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“. Се очекува и други европски земји денеска да преземат слична иницијатива. Шпанскиот премиер Педро Санчез се очекува да го објави датумот кога Мадрид ќе ја признае палестинската држава, а ирската влада утринава свика прес-конференција за…

Read More