Author: Zoran Ivanov

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на Иџет Мемети членот на советот на обвинители и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот Боро Стојчев кој е во притвор. Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, a во два мандати беше и Народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и…

Read More

Неапол: Сеизмолошките станици во Италија  забележа купно 150 земјотреси за помалку од пет часа почнувајќи синоќа од 19:50 часот. Ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години, соопштуваат од италијанскиот сеизмолошки завод. На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на теренот на продавниците во општината Позуоли во областа на Флегранските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Најсислниот потрес бил од 4.4 степени според европската сеизмичка скала, а земјотресот е почувствуван и во Неапол. Во Позуоли училиштата денеска ќе останат затворени, во нив се отворени сместувачките центри. …

Read More

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места. Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202…

Read More

Францускиот парламент повика на укинување на ограничувањата за нападите на Украина на територијата на Русија со оружје предадено од Франци Ваков повик до властите во земјата упати претседателот на Комитетот за надворешни работи на француското национално собрание, Жан-Луј Бурланж. Политичарот напиша писмо до француското раководство во кое повика да се напушти „воздржаноста и да се донесе одлука“ по примерот на Британија која им дозволи на украинските трупи да нападнат со своето оружје на руската територија. Се чини дека дојде време… Правото на самоодбрана го исклучува правото на неповредливост на територијата на агресорот, нагласи тој и додаде дека промената на доктрината…

Read More

Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Судскиот совет муго одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, а до правосилно завршување на кривичната постапка,…

Read More

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека одлуката на обвинителите на Меѓународниот кривичен суд, со која се бара налог за негово апсење, е апсурдна и е насочена кон Израел. Со гадење ја отфрлам споредбата на хашките обвинители меѓу демократски Израел и масовните убијци на Хамас“, рече Нетанјаху. Со каква дрскост го споредувате Хамас кој убиваше, палеше, масакрираше, силуваше и ги киднапираше нашите браќа и сестри, со војниците на ИДФ кои водат праведна војна. Тој го нарече потегот на обвинителот на судот нов тип на антисемитизам. Граѓани на Израел, ви ветувам едно – обидот да ни ги врзат рацете нема да успее,…

Read More

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска изјави дека одлуката на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да бара налози за апсење на израелските службеници поради војната во Газа е повеќе од срамота и охрабрува терористи ширум светот. -Направен со лоша намера, овој едностран потег претставува унилатерален политички чекор кој ги охрабрува терористите ширум светот и ги крши сите основни правила на судот во согласност со принципот на комплементарност и другите правни норми, напиша претседателот на Израел. Херцог напиша дека очекува таквиот чекор да биде осуден и отфрлен од сите лидери на слободниот свет. Претседателот на израелскиот парламент (Кнесет), Амир Охана…

Read More

Со серија културни настани кои ќе се одржат во шест градови во државата од денеска до почетокот на јуни, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, ќе ја подигаат свеста за родовата еднаквост. Овие настани се дел од проектот „Простор за разговор“ поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан. Целта на настанот е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс, изведен од танчерите на Скопје танцовиот театар да го зајакнеме чувството на припадност…

Read More

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА. Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција. ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот. Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани. Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел…

Read More

Коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт не исклучува ниту еден од демократските начини да се спасат од опозиција, односно да се изборат до крај да бидат дел од владината коалиција. Иако преговорите  за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ се во тек, ДУИ и натаму смета дека овој сооднос не е во ред за формирање Влада, односно победникот мора да коалицира со победникот. Скендер Реџепи Зејди, вели дека постојат демократски механизми за да ги спречат. Тој не ја исклучува можноста и за протести по улиците. Европскиот фронт ниту размислува да остане во опозиција. Не дека имаме комплекси за да останеме во…

Read More