Author: Zoran Ivanov

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како “Безбеден град“. Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа. „Во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за…

Read More

Во аулата на Ректоратот на УКИМ, денеска беа доделени награди на најдобро дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година, а во рамки на свеченостите по повод патрониот ден и одбележување 75 години од постоење на Универзитетот. На редовни студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажале особени резултати во студиите, им беше врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија. Наградите ги врачи ректорката на УКИМ, професор доктор Биљана Ангелова, а од Александар Стамболиев беше доделена наградата од Фондацијата „Стамболиев“. Најдобриот студент на Медицинскиот факултет, Леонид Рене Томас Караџинов во изјава за МИА рече дека планот…

Read More

Хеликоптерот, во кој патуваа претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан, не го вклучил сигналниот систем или воопшто немал таков систем, соопшти денеска министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Абдулакадир Уралоглу. Уралоглу изјави пред новинарите дека, бидејќи Иран спаѓа во подрачјето на Турција за реакција при вонредни ситуации, властите провериле дали има сигнал од хеликоптерот откако ја слушнале веста за неговото уривање. – Прво проверивме дали хеликоптерот испратил сигнал или не. За жал, се покажа дека системот за сигнализација бил исклучен или хеликоптерот не го поседувал овој сигнален систем, истакна тој. Според Њујорк…

Read More

Тргувал со влијание и ветувал олеснителни околности во судска постапка па услугите си ги наплатил 10.000 евра. Криминалитсичката полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал, попладнево уапси  судија на Врховен Судија. Неофицијално, станува збор за Наќе Георгиев, сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана. Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд.

Read More

Хаг: Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху и на лидерот на Хамас Јахја Синвар под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападите врз Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, изјави главниот обвинител на судот Карим Кан за Си-Ен-Ен. Кан рече дека МКС бара и налози за апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други водачи на Хамас – Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, водачот на бригадите Ал Касем и попознат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, политички лидер на Хамас.

Read More

Договорот од Преспа храбро го отплетка она што беше Гордиев јазол. Типичната глупост спречи таа да биде целосно искористена во корист на Грција и дозволи да биде поткопана од џингоистичката екстремна десница во Северна Македонија. Пактот ги следи истите линии и рамка како француско-германскиот мир, пријателство и разбирање по Втората светска војна и е одличен пример за тоа како луѓето од овој регион можат да ја градат својата иднина со мир и оптимизам, без мешање од трета страна. И тоа во време кога пошироката област е зафатена од војна и намери за вооружени судири, „Договорот од Преспа удира и во…

Read More

Грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој со тогашниот министер Никола Димитров го потпиша Договорот од Преспа во 2018 година, во својот текст ја истакнува геополитичката важност на Договорот од Преспа кој, наведува, значи „безбедност за Грција и поширокиот регион, колку што значи и за Република Северна Македонија“ односно вели, дека РСМ постојано била под закани од „агресивни кругови кои се стремат кон „Голема Албанија“ и „Голема Бугарија“, што значи поделба на Северна Македонија“, пишува Коѕијас за весникот Катимерини. Тој се осврнува и на другите аспекти од Договорот од Преспа кои по изборите од 2019 година владејачката Нова Демократија…

Read More

Портпаролот на Европската комисија изјави за „Еурактив“ дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018. година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во услови на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор, стои во написот. Од своја страна, Европската комисија вели дека „сите страни“ треба да се држат до договорот. Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција, изјави…

Read More

Никица Корубин Инсистирањето на проблематизирањето на Преспанскиот договор, преку прекршување на уставот во автодеструктивен “инат стил” – “ќе правиме што сакаме”; освен што доаѓа од страна на новата власт, доаѓа и од кругот на заспаната левица, кои се’ повеќе ја “предизвикуваат” власта: раскинете го ако можете. А, не можат. Дали тоа значи дека помина времето на глумење про-ЕУ, кое лесно беше од позиција на власт, ама тешко од опозиција, и враќање на фабричките поставки: по прашањето на одржувањето на статус-кво ситуацијата на “заробеното општество”, суштинска разлика никогаш и немало. Оттаму сите експресно се префрлија, на детална вивисекција на Преспанскиот договор,…

Read More

Ебрахим Раиси, 63 години, беше претседател на Иран од 2021 година и ја водеше земјата во позадина на несогласувањата на меѓународно ниво и со внатрешни предизвици. Секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец и отворен поддржувач на јавниот ред. Во последниве месеци тој се претстави како жесток противник на Израел, заколнатиот непријател на Исламската Република, кој го поддржува палестинското исламистичко движење Хамас од 7-ми октомври, почетокот на војната во Газа. Со тоа Раиси го оправда нападот без преседан на Иран на 13 април против Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа…

Read More