Author: Zoran Ivanov
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета.
Новите податоци од ФАО покажуваат дека во јули раст на цените има кај месото, шеќерот и растителното масло (масло за готвење), додека намалување на цените има кај житариците и млечните производи.
Влезот во ЕУ, плус земјите на Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел од Шенген системот, ќе имаат посебни протоколи за влез на граѓаните на земји кои не се дел од ЕУ, објави Радио Слободна Европа.
Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Киев: Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека на САД ќе им претстави план за завршување на војната со Русија.
Дијалогот не е важен само за актерите во него, бидејќи крајна цел на истиот е – граѓанинот, кој низ тој дијалог треба да ги познае своите потреби и интереси. А за такво нешто секако треба да постојат вистински слободни медиуми. Но и доволно ангажирани интелектуалци. Што би рекле навивачите – јави се еднаш јужна! Љубомир Костовски Зошто кај нас нема политички дијалог? Често нема ни преговори во вистинска смисла на зборот, дури и за најсериозните прашања. Да се сетиме само на преговорите со опозицијата пред повеќе од една деценија, по повод неславниот Црн понеделник, кога во нив беше вклучен и…
Буџетскиот дефицит на Унгарија сега достигна 4,5 отсто од БДП, надминувајќи ја границата од 3 отсто на Европската унија, пишува Фрстпост. Како одговор на загриженоста за придржувањето на земјата до стандардите на ЕУ, Брисел замрзна приближно 20 милијарди евра од фондовите на ЕУ по што , во јуни, Европската комисија го отвори патот за „процедура за прекумерен дефицит“ против Унгарија и шест други земји.
Киев: Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави денеска дека неговата земја има потреба од дополнителни 15 милијарди долари за да го покрие буџетскиот дефицит за 2025 година, пренесуваат британските медиуми.
Што сѐ може да се очекува пред и по претседателските избори во САД, до победата или поразот на Харис
Кампањите ќе бидат фокусирани на добивање гласови во неколкуте клучни држави. Во 2020 година, Бајден освои пет држави што Трамп ги освои во 2016 година. Тие држави – Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин – би можеле повторно да бидат во фокусот во 2024 година. Биљана Јордановска Поранешниот претседател Доналд Трамп и потпретседателката Камала Харис ги избраа своите кандидати за потпретседатели и одржаа конвенции за официјализирање на нивната номинација.. И двајцата имаат многу малку време, особено Харис, да ги убедат неопределените гласачи и да се погрижат сите во клучните држави да излезат на гласање. До 5 ноември се очекува кампањата…
Весна Дамчевска: Но, дали тој пат ќе му го прости ВМРО? Или Синдикатот ќе се врати на еден стар пат? Живко Митревски важеше за човек на ВМРО-ДПМНЕ. Едно едноставно впишување на неговото име на пребарувач на Гугл, ќе открие стотици мали и големи додворувања кон тогашната власт. Со потпис на Митревски, Синдикатот потпиша и декларација за соработка со ВМРО-ДПМНЕ што беше вистински преседан во функционирањето на едно синдикално движење. Линк
Победата на Трамп ќе ги зајакне и охрабри екстремно десничарските националистички партии низ целиот континент, а истовремено ќе ја зајакне и Русија поради прекинувањето на американската поддршка за Украина. Со оглед на тоа што Франција е веќе парализирана, европскиот проект ќе биде целосно препуштен на милост и немилост на оние кои сакаат да го отстранат истиот. За оние што ја ценат ЕУ, тоа претставува вистински кошмар. Јошка Фишер
