Author: Zoran Ivanov
Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28, АПТ28, кој е контролиран од Русија, против Германија и Чешка, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија, СПД, а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот…
Брисел: Северноатлантскиот совет НАК денеска изрази солидарност со Германија и со Чешка по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија, СПД која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.
Скопје: Членовите на Комисијата УНЕСКО донеле заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, да достави комплетна документација врз основа на која е оформена градежна парцел за изградба на хотел на Горица во Охрид. Комисијата побарала договор и анекси на договорот за отуѓување на градежно земјиште со електоронско јавно наддавање за градежната парцела, одобрение за градење на градбата од градежната парцела, проектна документација за градбата од градежната парцела врз основа на која е издадено одобрението за градење, известување за почеток на градба, дозвола за сеча на шуми согласно закон и сите други документи поврзани со предметната градежна парцела, а…
Париз: Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука УНЕСКО денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас на 7-ми октомври.
Киев: Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот во регионот Суми.
Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобор од 38-то место лани. Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора 40, Словенија 42, Хрватска 48, Косово 75, БиХ 81, Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.
2-ри мај Гордана Силјановска-Давкова:
Лондон: Британски војници треба да бидат испратени во Босна и Херцеговина поради ризикот од дестабилизација на Балканот, тврди поранешниот командант на Обединетите нации, Боб Стјуарт.
Далас: Најмалку шест лица на возраст од 3 до 19 години, од кои четири помлади од 15 години, се застрелани во станбена област во Форт Ворт, Тексас. Инцидентот се случил синоќа околу 19:30 часот кога полицијата добила дојава за пукање во западниот дел на градот.
Кансаи: Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи или Кикс прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж.