Author: Zoran Ivanov
Брисел: Советот на ЕУ ја одобри конечната верзија на Регулативата за безбедност на играчките, со која се зајакнуваат безбедносните правила, се зголемува заштитата на децата од штетни хемикалии и се промовира користењето на дигитални пасоши за производите, со цел полесна контрола на почитувањето на мерките.
Берлин: Силна експлозија во зграда во германскиот главен град се случила на приземјето од станбена зграда во населбата Хај-Дек-Зидлунг во квартот Нојкелн во Берлин.
Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските медиуми. Првите седум заложници беа ослободени рано утрово.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните Избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда ќе допатува во Скопје.
Хамас денеска го започна ослободувањето на преостанатите заложници во Газа, јавија израелските медиуми, според кои седум лица утрово биле предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.
По вчерашното гласање на локалните избори во Косово, прелиминарните резултати покажуваат дека втор круг на гласање ќе се одржи во 21 општина, вклучувајќи ги Приштина, Призрен и Митровица, бидејќи ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство.
Француското претседателство денеска го откри составот на новото владино тело, предводено од премиерот Себастијан Лекорну, во кое има и познати и нови лица.
Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја води човек што не верува во луѓето, човек што мисли дека државата се води со навредување, пресметки и ароганција“, нагласи Претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Струмица.
Албин Курти ги загуби локалните избори во Косово и посебно во главниот град Приштина.
Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не разубедат дека во држава со 400 евра минимална плата и цените што дивеат, добро се живеело. Да, се живее, ама до 10-ти во месецот, потоа е период на преживување.
