Author: Zoran Ivanov
Нашиот почитуван премиер воопшто и не мораше да објаснува зошто и како троши пари, затоа што како премиер, може да прави што сака и со парите и со нас, доколку е тоа исклучиво на државата, но најмногу на народот, кој е круната на демократијата за ваквите великани – политичари. Биљана Секуловска Исклучително се безобразни критиките кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – зошто патувал во бизнис-класа во Вашингтон, на Самитот на НАТО. Вкупната сума за авионските карти е само 20.000 евра, ако се пресметаат трошоците и на другите министри, кои патувале со него. По хорските напади, исклучиво од опозициските медиуми,…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изрази сочувство до муслиманските верници и до палестинскиот народ по убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, велејќи дека одмаздата е должност на Техеран.
Интересно е што во приказната за “албанската академија”, се разбира совршено вкомпонирано со приказната “за балансерот”; никој не ја искористи можноста да ја отвори суштински темата: дали ретроградноста, квази-национализмот и наследената и селектирана “елита” е она што треба да ги идентификува Македонците преку “одбрана” на моноетничката и конзервативна Академија? Никица Корубин Одговорот на прашањето, кој ги гарантира сите права на граѓаните и еднаквиот пристап до институциите, како креатори на истите, а не корисници; теоретски е прилично лесен: уставот и целокупниот правен поредок. Но, судејќи според реакциите на идејата (предизборна, да нема заблуда) за своевидна “албанска академија”, практично воопшто не е…
Познатиот кардиолог Доктор Сашко Кедев се искачи на врвот Г2 (Гашербрум 2), во Пакистан, висок 8.035 метри, објави Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ). За првпат во историјата македонско знаме на G2 (Gasherbrum II), Пакистан, 8.035 м. На 22 јули 2024 година, во 13:28 часот по локално време, проф. д-р Сашко Кедев го искачи тринаесеттиот по височина врв на светот, велат од Федерацијата. Ова е 11-от врв на Хималаите од вкупно 14 што се високи над 8.000 метри кој влегува во подвизите на д-р Кедев. Покрај Г2, д-р Кедев досега се искачи на Макалу (8.485 м) тој ги има искачено и Монт Еверест…
Новата Влада ќе ја има поддршката од синдикатите само доколку престанат да вработуваат партиски кади и да ја зголемуваат јавната администрација, ако ги зајакнат капацитетите и ако престанат да ги злоупотребуваат вработените во јавниот сектор. Во спротивно, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вели дека се подготвени на штрајкови. Тој денес ја следи во првата јавна дискусија „Сите заедно за професионална и јавна администрација.
Голем пожар се закануваше на Пехчево во текот на ноќта. Утрово градоначалникот Александар Китански зборуваше за ситуацијата со оганот, кој се закануваше на градот.
Во текот на вчерашниот ден на територија на државата имало вкупно 66 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 51 целосно се изгаснати, три пожари се ставени под контрола, а во моментот активни се 12 пожари. Според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во моментов како најсериозни се пожарите на територијата на Пехчево, Старо Нагоричане, на Општина Кратово, на Македонски брод, на Свети Николе. Ито така ЦУК соопшти дека е обезбедена меѓународна помош со ЕУ механизмот на цивилна заштита: од Србија еден хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во 9:45 слетал на скопскиот аеродром; од Чешка еден хеликоптер…
Техеран: Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран.
Вашингтон: САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија има постабилна влада, најави помошник – државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан.
Како млад човек, Исмаил Ханија бил студентски активист на Исламскиот универзитет во градот Газа. Тој се приклучи на Хамас кога беше основан во 1987 година, по што беше уапсен и накратко депортиран. Се залагаше за вклучување на Хамас во политиката. Така, во 1994 година, кажа дека формирањето на политичка партија „ќе му овозможи на Хамас да се справи со новите случувања“. Сашо Димевски Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен денеска во Иран, објавија во одвоени соопштенија палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда. Исламистичката фракција вели дека жали за смртта на Ханија, кој е убиен во „предавнички…
Пожар со кастастрофални размери ја зафати околината на Пехчево. Во моментов загрозени се околината на градот Пехчево но и самиот град.
