Author: Zoran Ivanov
Официјален претставник на израелската одбрана за военото радио изјавил дека повеќе од 100 ирански дронови веќе се пресретнати вон израелскиот воздушен простор, од стотиците истрелани кон Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден се врати во Вашингтон за да разговара со неговиот тим за национална безбедност, еден ден откако рече дека очекува ирански напад врз Израел.
Иран го започна својот напад врз Израел кога лансираше десетици беспилотни летала камикази. Станува збор за беспилотни летала „Шахед-136“.
Почна пресретнувањето на иранските беспилотни летала, јавуваат израелските медиуми. Откако Иран испука десетици беспилотни летала камикази кон Израел, нивното пресретнување започна над сирискиот и јорданскиот воздушен простор.
Израелските одбранбени сили ја повторија својата претходна изјава, велејќи дека очекуваат беспилотните летала да се огласат во наредните часови. Американските власти рекоа дека Иран се очекува да лансира повеќе од 100 беспилотни летала, десетици крстаречки ракети и десетици балистички ракети.
Медиумите поврзани со властите во Иран јавија дека Техеран лансирал трет бран дронови кон Израел.
Нападот врз нашиот конзулат е напад врз нашата почва. Злонамерниот режим во овој случај направи погрешен потег. Треба да биде казнет и ќе се казни, рече иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.
Се огласија сирените пред претстојниот напад со беспилотни летала и ракети, лансиран од Иран.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го свика својот воен кабинет, соопшти неговиот кабинет. Тој ги свикал официјалните лица во воениот штаб во Тел Авив, додаде тој. Тоа се случува кога земјата се подготвува да пресретне салво од дронови и проектили лансирани од Иран кои се очекува да пристигнат во наредните часови.
Тел Авив: Медиумите поврзани со државата во Иран известуваат дека Исламската Република лансирала вториот бран дронови кон Израел. Засега нема известуванња други детали.
Портпаролот на војската, Даниел Хагари, изјавил дека ја следат заканата во нивниот воздушен простор и додал дека ќе бидат потребни неколку часа таа, заканата, да пристиг во Израел, притоа, секако, мислејќи на иранските дронови.