Author: Zoran Ivanov

Претседателски избори 2024 Македнски Брод, 6 април Стево Пендаровски: Во првиот мандат бив претседател на сите граѓани без притоа никого да не привилегирам. Без разлика дали некој доаѓал од Брод или од Скопје, кај мене сите сте биле дочекани на еднаков начин. Не може да каже ниту еден дека бил привилегиран затоа што е Македонец, Албанец, Влав, Турчин, Ром, Бошњак…затоа што во изминативе пет години се трудев и мислев дека бев претседател на сите граѓани. Корупцијата е туѓа како за мене, така и за сите оние што работат за мене. Нудам европска иднина и членство во ЕУ за неколку години,…

Read More

Претседателски избори 2024 Прилеп, 6 април Билјана Ванковска Цветковска: Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат, барем не сите прашања на едно место. Се залагам за нов устав, поништување на Договорот со Бугарија, ревидирање на Преспанскиот договор, излегување од НАТО и водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија. Не настапувам со прашање дали Бугарите ќе бидат во Уставот туку со сосема нов устав, бидејќи овој продуцира нефункционилен политички и уставно правен систем. Во план ни е раскинување на Договорот со Бугарија, а Преспанскиот договор ќе биде предмет на преобмислување. Се залагам за…

Read More

Претседателски избори 2024 Скопје, 6 април Арбен таравари: Го прифаќам предлогот на Крешник Бектеши од редовите на ДУИ да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори. Очекува убедлива победа, во спротивно се согласувам со Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби изборите. ДУИ со години промовира спроведување на ветинг, но досега немаме ниту драфт верзија за Закон на ветинг. Подготвен сум не утре, туку уште денеска да потпишеме дека сме подготвени да почне ветинг. Како претседател ќе се залагам за промоција на спортот и за изградба на повеќе спортски терени за младите.…

Read More

Претседателски избори 2024 Тетово, 6 април Бујар Османи: Ќе работам на јакнење на младинските политики. Ќе се залагам да ги задржиме младите во државата. Младите со поинакво разбирање за технолошкиот развој на светот, да бидат дел од дизајнот и архитектите на државните политики за иднината на луѓето. Да ги подготвиме луѓето за пазарот на трудот по 40 години зошто анализите велат дека за само 10 години вештачката интелигенција ќе укине околу 50% од работните места. Ќе иницирам квоти во листите за пратеници и за млади до 27 години исто како што има квоти за родовата еднаквост такви да има и…

Read More

Претседателски избори 2024 Валандово, 6 април  Максим Димитриевски: Првиот приоритет е да се овозможи да се придвижи процесот на европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија. Ќе се формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет. Нашата мерка за пензионерите, а со која влеговме во овој предизборен период е да се обезбеди 13-та пензија во форма на субвенција кон сите…

Read More

Програмата на кандидатот Пендаровски е составена од пет клучни столба: Глас на граѓаните – заштитник на правата и слободите; Промотор на младите ранливите и маргинализираните заедници; Заштитник на демократијата и соработката меѓу заедниците во македонското општество; Борба за правна држава ослободена од кнаџите на организираниот криминал и корупција; Европска интеграција како двигател на целосната трансформација.

Read More

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење.

Read More

Кито: Еквадорските власти синоќа го уапсија поранешниот потпретседател Хорхе Глас и го одведоа од мексиканската амбасада поради што Мексико ги прекина билатералните односи.

Read More