Author: Zoran Ivanov
Катманду: На аеродромот во главниот град на Непал, Катманду утрово се урна авион при полетување.
Едно лице загина, а неколку се ранети во напад на украинско беспилотно летало на траект во пристаниште во јужна Русија, изјави регионалниот гувернер.
Американската потпретседателка Камала Харис денеска ја даде својата прва изјава откако претседателот Џозеф Бајден се повлече од претседателската трка и ја препорача да биде кандидат на Демократската партија на изборите во ноември, а во меѓувреме повеќе од 700 делегати на партијата изјавија дека планираат да ја поддржат на конвенцијата.
Во новите напади на израелските сили во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа загинаа десетици Палестинци, меѓу кои и жени и деца, објавија медицинските служби. Армијата го нападна источниот дел на градот при што, според неофицијални информации, се убиени најмалку 39 Палестинци, додека 80 се повредени. Израелската армија претходно ги повика жителите во источниот дел на градот веднаш да ја напуштат областа. Воени извори тврдат дека членовите на Хамас од таму извршуваат ракетни напади врз Израел. Армијата ќе преземе одлучни мерки против овие дејствија, а може да бидат опасни и за цивилите, објави армијата на Телеграм.
Негласањето и неважечкото ливче не оставаат празно пратеничко столче.
Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, донираше повеќе од 15 милиони долари за поддршка на американската потпретседателка Камала Харис да биде кандидат на Демократската партија на претстојните претседателски избори. Покрај него, Харис го поддржа и филмскиот продуцент и донатор Џејми Патрикоф. Другите ќе видат дека таа е најдобрата опција за демократите да го победат Трамп – рече тој, додавајќи дека Харис ќе го „уништи“ Трамп во дебатата.
Александар Касанов е избран за заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања, соопшти Стејт департментот. Тој ќе го замени Габриел Ескобар, чиј мандат истече на крајот на мај. Касанов претходно служеше како извршен помошник на поранешната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.
