Author: Zoran Ivanov

Суверенитет и самоопределување: овие зборови одекнаа во петокот, на 19 јули, во монументалната судница на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.

Read More

Приштина: Најголемата косовска опозициска парламентарна партија, Демократската партија на Косово, ПДК, побара разрешување на министерката за правда Албулена Хаџиу и нејзино интервјуирање од страна Специјалното обвинителство во врска со нејзината изјава за бегството на затворениците од косовските затвори. Министерката за правда, Хаџиу, во објава на Фејсбук, вели дека неодамнешните бегства од косовските затвори, меѓу кои и на Фатон Хајризи, кој беше убиен во петокот во Србија, биле олеснувани и организирани од Србија. Доколку Србија е присутна во косовските затвори, што прави министерката за правда со своите должности? Ова е основното прашање што денес го поставува секој граѓанин. Оваа изјава покренува…

Read More

Пренесувајќи го ставот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, пратеничката Ина Жупа, рече дека резултатите од пописот од 2023 година не ги признаваат бидејќи се манипулирани.

Read More

Тема на МИА: Оваа форма на дипломатија стана поинклузивна, модерна и значително поефективна во последните години, за разлика од традиционалната дипломатија, која обично е резервирана за акредитирани дипломати од министерствата за надворешни работи. Ангела Рајчевска Употребата на спортот како платформа за помирување, надминување на конфликти и обновување на дијалог се нарекува спортска дипломатија. Оваа форма на дипломатија стана поинклузивна, модерна и значително поефективна во последните години, за разлика од традиционалната дипломатија, која обично е резервирана за акредитирани дипломати од министерствата за надворешни работи. Оваа практика се базира на концептот на „мека моќ“ и се однесува на влијание и привлекување на…

Read More

ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици, изјави Урсула фон дер Лајен, која пред неколку дена беше реизбрана за претседател на Европската комисија, откако синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА. Бајден ѝ честиташе на Фон дер Лајен за почетокот на нејзиниот втор мандат како шеф на извршната власт на ЕУ, а двајцата лидери разговараа за поддршката за Украина и за напорите за подведување на Русија под одговорност за нејзината агресија, се вели во соопштението за печатот на Белата куќа. Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички…

Read More

Тдема на М ИА: Во Естонија, која се смета за лидер во дигиталната технологија во Европа, но и во светот, во моментот има 80 алатки што се засновани на технологија на вештачка интелегенција и што извршуваат работи на луѓето. Оваа држава почнала да се дигитализира уште во раните 90-ти години, за сега да е дигитално чудо. Во Северна Македонија, од друга страна, експертите се согласни дека како земја имаме многу талент и оти и кај нас се развиваат чудо од технологии поврзани со вештачката интелегенција, но она што е поразувачки е што младите бегаат и затоа е клучно е да…

Read More

Венс важи за еден од најпосветените поддржувачи на агендата на Трамп – „Да ја направиме Америка повторно голема“, особено за делот на трговијата, надворешната политика и миграцијата. Тој е дел од радикалното крило во Републиканската партија кое промовира изолационистички надворешно-политички убедувања под мотото „Прво на Америка“.  Изборот на Доналд Трамп на 39-годишниот републикански сенатор од Охајо, Џеј. Ди. (Џејмс Дејвид) Венс за негов кандидат за американски потпретседател и можноста оваа двојка да „ја освои“ Белата куќа во Вашингтон на претседателските избори во ноември, предизвикува дополнителна загриженост во ЕУ околу иднината на посветеноста на САД на европската безбедност. Политичките убедувања на…

Read More

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, во интервју на ТВ 24 говореше и за привилегиите на членовите на Комисијата, односно дали и зошто ДКСК барале дипломатски пасоши кога нивните претходници ги немаа и дали и зошто ДКСК барале службени возила кога нивните претходници ги немаа?

Read More