Author: Zoran Ivanov
Министерството за внатрешни работи објави дека во близина на Скопје е пронајдена исчезнатата студентка Енкеледа Чела и дека девојката била во добра здравствена состојба.
Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква Пресвето Срце Исусово во Скопје со каде велигденска воскресна литургија.
Париз: Франција ќе испорача нов контигент воена опрема за Украина. Стнува збор за оклопни возила и за проектили од разни видови противоздушни ракети од француските залихи, изјави тамошниот министер за одбрана, Себастиен Лекорну. Опремата вклучува оклопни транспортери од типот ВАБ и ракети од типот Астер за системите САМП/Т. Во интервју за француски весник Ла Трибјун, мнистерот одбил да ја прецизира количината што ќе се испорачува но потенцирал дека до крајкот на оваа или до почетокот на наредната година, за Украина ќе биле испратени стотици возила.
Анкара: Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои на окопи 280 илјади места меѓу 8 и 17 ласот ќе можат да гласаат над 61 милион граѓан.
Организацијата на потрошувачи сои се спротивен на Стопанската комора. Листа на производи со ограничени маржи треба да има и таа треба да опфати голем број производи.
Хрватскиот правен експерт за Западен Балкан и поранешен главен преговарач за Хрватска за Поглавјата 23 и 24, во интервју за МИА вели дека ако повторно се преговара за нова Преговарачка рамка, тоа значи губење уште многу години за државава и враќање на евроинтегративниот процес од почеток.
Киев: Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска разреши неколку блиски соработници, меѓу кои и неговиот прв помошник Серхи Шефир, објавија украинските медиуми. Шефир беше назначен за прв помошник на Зеленски во 2019 година. Зеленски разреши и тројца негови независни советници – Олех Устенко, Серхиј Трофимов и Михаило Радучки, пренесува „Униан“. Разрешени се и Наталија Пушкарјова, комесар за волонтери на претседателот и Олена Вербичка, комесар за заштита на правата на воениот персонал.
Од 2 часот по полоќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе треба да се поместат еден час понапред. Летното сметање на времето завршува на 27-ми октомври во 3 часот кога часовникот се поместува еден час наназад. Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно директивите на ЕУ и на обрската од македонскиот Закон за сметање на времето. Во рамките на ЕУ неколку години наназад се водат полемики дали оваа практика да продолжи или да се укине. Последниот став на Советот на ЕУ е дека за оваа мерка секоја земја треба да си реши за тоа…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Молдавија би можела да биде следната цел на руските напади.
Ѓорѓи Спасов: … Гордана Силјановска-Давкова прави сѐ за да ја добие функцијата претседател со ширењето страв од Бугарите, од Албанците и од ЕУ. Таа ја потхранува ниската самодовереба на етничките Македонци во нивниот непроменлив етнички идентитет и води кампања на ширење страв од домашниот и надворешниот непријател. Својата комунистичка идеологија врушност ја има преоблечено во исплатлив национализам. Тогаш со неа сѐ уште можела да се прибави само концесија за фри-шоп за членови на своето најтесно семејство, но сега од можната нова функција веројатно може да се влезе и во меѓународен патриотски бизнис. … Линк
Ерол Ризаов: …По ова сместување во втората класа на платформата на Бугарите, мислам дека сепак Никола Груевски нема да го тужи својот намесник Христијан Мицкоски за плагијат, во замена за безбедно враќање во татковината со подготвеност да се откаже од враќање и на политичката сцена. Нема да биде наивен како брат Љубе Бошковски, кој го дочека со зурли, тапани, леб и сол, како народен херој, но во своја слава, до моментот кога тој пројави политички амбиции за веднаш да заврши во затвор. А, што се однесува до ветувањата, нема потреба од занесување – тие се дел од циркусот како и…
Небесни игри во космосот меѓу две ѕвезди оддалечени 3 илјади светлосни години, ќе заврши со многу сјајна експлозија што ќе биде видлива и со голо око и светлионата че трае со денови, изјавија астрономите од Универзитетот „Нотингем Трент“.