Author: Zoran Ivanov
Мнозинството посељачени Македонци, по правило не ги интересираат светските процеси, освен ако не е некое руско теписирање на некој украински град, што предизвикува всохити еднакви на тие кога Ноле ќе тепа некого, но и покрај тоа мислам дека е важно да се соопштаат следниве согледувања: Човековите права како принцип и феномен кој одигра важна улога во напредокот на цивилизацијата и во геополитичките пресметки и пресложувања во последните педесетина и повеќе години, ќе загуби дел од својата релативна важност за сметка на прашањата на стабилноста, безбедноста и геостратегиските релации. Демократскиот процес мора да претрпи одредени промени и прилагодби за да може…
Џабир Дерала, истражувачки новинар од Северна Македонија, е награден со Наградата за солидарност на Асоцијацијата на Југоисточна Европа (СОГ) за новинари од Југоисточна Европа за неговата храбра и извонредна истражувачка работа. Наградата ја врачија претседателот на СОГ и специјален претставник на германската федерална влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Саразин, и пратеникот Јосип Јуратовиќ на церемонија во германскиот Бундестаг на 4 јули 2024 година.
Ванкувер: Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.
Компанијата Рио Тинто ја поздравува одлуката на Владата на Србија. Најавуваат почитување на највисоките стандарди за заштита на животната средина и отворање на илјадници работни места. Тие веруваат дека проектот „Јадар“ има потенцијал да стане „литиум и боратен ресурс од светска класа“. Сања Кљајиќ Додека српскиот претседател Александар Вучиќ го очекува германскиот канцелар Олаф Шолц да му го овери почетокот на ископувањето на литиум во долината на Јадар, тамошните жители велат дека не се предаваат. Во селата во долината на реката Јадар ни високите температури не ја прекинаа работата на нивите. Во оваа област живеат околу 18.000 луѓе, главно млади…
Копенхаген: Данска има простор да смести најмалку 3,6 милиони луѓе во подземни бункери доколку некогаш има потреба да го засолни населението во случај на војна или катастрофа.
Германскиот канцелар Олаф Шолц доцна во вечерните часови пристигна во Белград за да учествува на Самитот за одржливи суровини. Шолц го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на Инстаграм напиша дека очекува договори кои ќе претставуваат пресвртница за Србија на нејзиниот пат кон побрз економски раст.
Томас Метју Крукс, кој се обиде да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот митинг одржан во саботата во Пенсилванија, неколку дена претходно на интернет објавил грозоморна порака, јавуваат американските медиуми.
Апсурдот е што партијата која изминатите години постојано укажуваше на неразумните задолжувања и на опасното зголемување на јавниот долг, мандатот да го почне со истата практика, рекорден Буџет и огромен буџетски дефицит и уште поголем јавен долг Мирче Јовановски Кога во предизборието ќе се оди со големи ветувања со кои се обидува да се освојат гласачите, резултатите не може да бидат поинакви од она што се доби – уште еден рекорден буџет и уште поголем буџетски дефицит. Работата да биде уште попроблематична, зголемените буџетски трошоци се предлагаат во услови на надолно ревидирање на економската активност, односно на раст кој ќе…
