Author: Zoran Ivanov
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесуваат српските медиуми.
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово се обврзало да ја формира заедницата на српските општини во Собранието со ратификување на договорот со Србија, пренесуваат косовски онлајн-ипортали.
Поради барањата на Хамас за повлекување на Израел од окупираните територии Израел, сооспштуваат од израелската делегација, ги повлекува своите преговарачи од главниот град на Катар каде што двете преговарачки страни веќе повеќе денови се обидуваат да најдат решение за актуелната воена ситуација во Газа.
Од наредната година во сојузната американска држава Флорида ќе теба да стапи на сила закон со кој на децат под 14 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи.
Британија првпат по воздушен пат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи поголема помош да влезе во регионот погоден од војна. Кралските воздухопловни сили исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, вклучувајќи вода, ориз, масло, брашно, лименки и храна за бебиња на цивилите во Газа.
Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
Државната изборна комисија денеска ги констатира редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче.
Утре ќе поднесам писмо дека ја повлекувам кандидатурата за премиер. ГЕРБ нема да учествува во преговорите за втор мандат, изјави мандаторката за новата бугарска влада Марија Габриел.
Официјалните лица на САД потврдуваат дека американските служби поседуваат информации кои ја потврдуваат одговорноста на Исламска држава за смртоносниот терористички напад на концерт во сала во близина на Москва. Истиот извор, пренесуваат повееќе западни новински агенции, нагласил дека во последните недели САД ја предупредиле Русија за можноста од овој тип напад.
Пораката од наслобвот бликна на манифеатцијата „Лицето на зборовите“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ што се одржува во рамките на „Денови на поезијата“ во Сити Мол во Скопје.
Европската комисија предложи зголемување на царините за увоз во ЕУ на житни култури, маслодајни семиња и производи од нив од Русија и Белорусија, меѓу останатото и за пченица, пченка и сончоглед, со цел да го ограничат нивниот пласман на европскиот пазар.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир Путин „безвреден“ лидер поради неговата реакција за нападот врз комплексот на концертната сала „Крокус“ во предградие на Москва.