Author: Zoran Ivanov
Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews).
Во Доха, главниот град на Катар, почнаа преговорите за постигнување договор за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас.
Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечер во „Лабораториум“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“.
Откако кандидатот за претседател на државата Стевчо Јакимовски денеска се најде на „црната листа“ на САД, Државната изборна комисија на прашање на МИА дали тоа ќе влијае врз неговата кандидатура истакна дека условите за избор на претседател се содржани во Уставот.
Во финалето на престижниот тениски турнир во американскиот Индиан Велс, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, вториот на АТП листата по втор пат по ред, како и лани на истиот турнир, го победи истиот финалист, четвртиот на светот, рускиот тенисер Даниел Медведев со 2:0 во сетови, 7:6 и 6:1.
Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Даниил Медведев се финалисти на годинешниот тениски турнир во американскиот Индиан Велс. Синоќа во полуфиналето Алкараз го победи Италијанецот Јаник Синер со 1:6, 6:3, 6:2, а Медведев домаќинот Томи Пол 1:6, 7:6 (7:3), 6:2. Финалето ќе биде ланска реприза кога на овој престижен турнир Алкараз го победи Медведев со 6:3, 6:2. Во нивните досегашните меѓусебни дуели Алкараз води со 3:2 во победи.
Британските власти ќе мора да донесат некои тешки одлуки и се плашам дека времето за одлучување е веќе пред нас, вели поранешниот шеф на британското воено разузнавање Ричард Дирлав.
Во 2023 година од државниот Буџет се исплатени повеќе средства за домашните отколку за странските инвеститори во Северна Македонија. Соодносот е околу 55:45 во полза на македонските компании.