Author: Zoran Ivanov
Проф. д-р Борче Давитковски: Уставниот суд мора да реагира по допрен глас, да донесе времена мерка за стопирање на законот за локална самоуправа и да инсистира актуелната владеачка структура да спроведе регуларни избори за општините во кои градоначалници прават трансфер во извршната власт. Согласно уставот, член 114, право е на граѓаните да се организираат во локалните заедници и да избираат свои претставници. Не на политичките партии. Кај нас стана мода политичките партии да го супституираат тоа право што е на граѓаните и да кажат „тоа е наше право“ и сега кажуваат некои бенигни причини.
Копенхаген: Данскиот крал Фредерик Десетти денеска го отвори првиот дел од идниот железничко-патен тунел во должина од 217 метри, чија вкупна должина ќе биде 18 километри и кој ќе ја поврзува јужна Данска со северна Германија под Балтичкото Море. Тоа ќе биде најдолгиот подводен железничко-патен тунел во светот, а појасот Фемарн се очекува да биде отворен за сообраќај во 2029 година. Се очекува автомобилите да можат да го преминат Балтичкото Море за 10 минути по четири ленти, а возовите за седум минути.
Охрид: Возило падна во провалија, на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“ – загинаа две лица. Регионалниот ЦУК Охрид извест дека настанот се случил на место викано „Превој“ на планината Галичица. Спасувачките екипи утврдиле смрт на лица на постара возраст.
Додека бара поддршка од Рим за втор мандат на чело на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се обидува да го забави официјалниот извештај на ЕУ во кој се критикува Италија за кршење на медиумските слободи. Како што изјавија неколку официјални лица за бриселски „Политико“, истрагата на Европската комисија укажува на сузбивање на слободата на медиумите во Италија откако екстремно десничарската премиерка Џорџа Мелони ја презеде власта во 2022 година. Годишниот извештај за почитување на владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ се очекуваше да биде одобрен на -ти3 јули, но тоа може да биде одложено додека не се именува…
Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска. -Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно. Заедно со меѓународните партнери, посветени сме да продолжиме да даваме воена, финансиска, хуманитарна и поддршка на Украина за обнова по завршувањето на војната, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на италијанското претседателство на Г7. Г7 го поздрави одржувањето на мировната конференција за Украина во Швајцарија на 15-16 јуни и вети дека ќе…
Бранко Тричковски Не сум сигурен дека приватноста и официјалноста на претседателката на Нашата земја можат да се третираат во филозофијата јин и јанг, но ако решиме да бидеме помалку строги и да се согласиме дека може, јас сакам да и порачам дека во димензијата јанг може да битисува само во своето ве-це и во спалната соба под услов да не биде многу гласна. Да, и под тушот ако додека се трие со крпата “луј вутон” од марихуански стебла, во дневната соба ја пушти на најако снимката од говорот на Зоран Заев на темата за името и промените. Комплетно во јанг…
Хезболах го изврши најголемиот истовремен напад со ракети и дронови врз израелски цели од 8 октомври
Либанската екстремистичка организација Хезболах денеска го изврши најголемиот истовремен напад со беспилотни летала врз базите и позициите на израелската армија од почетокот на прекуграничните конфликти пред повеќе од осум месеци, по убиството на еден од нејзините команданти во израелски напад. Хезболах тврди дека овие напади ги извршува како поддршка на својот палестински сојузник Хамас кој води војна против израелската армија во Појасот Газа, Во денешното соопштение проиранскиот Хезболах наведува дека се извршени ракетни и беспилотни напади врз шест бази и воени позиции, а беспилотните летала наполнети со експлозив истовремено нападнале уште три израелски бази. Тие напади, како што е наведено,…
Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина денеска потпишаа договор со кој се утврдуваат долгорочните безбедносни односи на Вашингтон со Киев на маргините на Г7 што се одржува во јужна Италија. Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишаа билатералниот договор што доаѓа откако 15 земји склучија слични долгорочни безбедносни договори со Киев, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија. Советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливан, вчера рече дека договорот нема да ја вклучи обврската за Вашингтон да распореди американски војници во Украина, ниту ќе содржи обврски за снабдување специфични системи за оружје. Договорот нашироко…
Лидерите на Групата седум Г7, се многу загрижени за ситуацијата на границата меѓу Израел и Либан и ги поддржуваат напорите на САД да обезбедат прекин на огнот во Појасот Газа, се вели во нацрт-изјавата што ќе биде објавена по самитот на Г7 оваа недела. Во соопштението се додава дека западните лидери ја повториле својата непоколеблива определба за решение со две држави за да можат Израелците и Палестинците да живеат во мир, рамо до рамо. Покрај тоа, тие го повикаа Израел да се воздржи од целосна офанзива во Рафах, во согласност со неговите обврски според меѓународното право.
Брисел: Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на состанокот утре и задутре во Брисел ќе разговараат за адаптацијата на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Групата за нуклеарно планирање ќе се состане како дел од министерскиот состанок, на кој сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина“, рече Столтенберг на прес конференција. На прашањето каква порака испраќа НАТО до Москва со ова, Столтенберг рече дека сојузниците „мора да бидат способни јасно да соопштат дека нашето нуклеарно одвраќање е ефективно, безбедно и доверливо“. Како што се…
