Author: Zoran Ivanov
Алексис Ципрас и Зоран Заев: Единствениот начин да се застане цврсто на европските вредности во денешниот свет е да се биде проактивен во донесувањето на одлуките за кои сите знаеме дека се неопходни и покрај нивната политичка цена. Одлуката за издавање заеднички долг со цел да се финансира следната генерација на ЕУ, е одличен пример за вакво размислување. Во овој дух, на 17-18 јуни 2024 година, точно шест години по потпишувањето на Договорот, нашите институти ќе започнат меѓународна конференција за „Мир и одржлив раст“ во Атина, на која ќе бидат домаќини истакнати владини лидери и претставници од целиот демократски политички…
Речиси 30 години по падот на Берлинскиот ѕид и насилниот распад на Југославија, нашите две земји беа поделени околу „спорот за името“, кој ги опструираше односите меѓу нашите народи и ја ослабе регионалната стабилност и европската перспектива на Западниот Балкан. Алексис Ципрас и Зоран Заев Преспанскиот договор докажа дека дури и кога товарот на историјата е тежок, таму каде што има волја, има и начин. Преспа – некогашниот регион распарчен од најжестоката граѓанска војна во Европа за време на Студената војна, која принуди илјадници да ги напуштат своите домови како бегалци пред 75 години – денес стои како симбол на…
Хамас сака писмени гаранции од САД за спроведување на договорот за траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, изјавија два египетски безбедносни извори. Посредниците Катар и Египет соопштија дека Хамас вчера одговорил на трифазен план за примирје, без да откријат повеќе. Планот беше претставен од американскиот претседател Џо Бајден на крајот на мај. Тој повикува на целосен и неодреден прекин на огнот за шест недели. Во овој период би била ослободена одредена група заложници. За возврат, ќе бидат ослободени и Палестинците од израелските затвори. Во следната фаза борбите би биле трајно прекинати и преостанатите заложници…
Анета Стојковска И покрај реакциите на граѓаните, повеќето скопски општини воопшто не се заинтересирани да одговорат колку чешмички имаат на своја територија, колку од нив се во функција, дали ги задоволуваат потребите на граѓаните и дали имаат намера да постават нови. Во Скопје и годинава како и секое друго лето во изминативе години се повторува истото – во пеколно жешките денови по улиците нема човек каде да се напие вода и да се разлади. Не само што јавните чешмички се реткост, туку и доколку се наиде на некоја, вистинска среќа е од неа да прска вода, а да не е…
НАТО е подготвен да ја преземе координацијата на американските испораки на оружје за Украина, а во исто време земјите-членки ги прилагодуваат своите нуклеарни капацитети на новонастанатата ситуација, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. -Очекувам министрите да го одобрат планот НАТО да ја води координацијата на безбедносната помош и обука на Украина“, рече Јенс Столтенберг пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Алијансата се обидува да го заштити механизмот за воена помош додека НАТО-скептикот Доналд Трамп се обидува да го добие својот втор претседателски мандат на претседателските избори во САД. -Ова е клучен елемент од нашиот…
Најмалку шест лица загинаа, а 11 се повредени во руски ракетен напад врз јужниот украински град Криви Рих, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Криви Рих e родниот град на украинскиот претседател. -Секој ден и секој час рускиот терор докажува дека Украина заедно со своите партнери треба да ја зајакне својата воздушна одбрана, објави Зеленски на социјалните мрежи. На видеото се гледа како пожарникарите се борат со огнот, а спасувачите креваат бетонски блок од урнатините. Еден човек бил изнесен на носилки. Оштетени се административна зграда и станбен блок, соопшти Украинската јужна воена команда.
Соединетите Американски Држави и Франција бараат новата Влада во Северна Македонија да ги почитува меѓународните обврски и договори. На брифинг Белата куќа денеска објави патоказ кој го утврдиле претседателите на двете држави, Џо Бајден и Емануел Макрон на средбата во Франција. Во делот за меѓународните теми на Вашингтон и Париз, дел има и за Западниот Балкан во кој се поздравува континуирана блиска соработка за интеграција на регионот каде поконкретно Северна Македонија се споменува во една реченица. „Тие ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да се придржува до своите меѓународни обврски“, брифираат…
Народна банка на последната седница оцени дека монетарната политика во земјава треба да остане затегната и со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно. Ваквата одлука следи и покрај тоа што Европската централна банка, ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени. Според новата каматна стапка на Еевропската Централна Банка депозитната стапка ќе изнесува 3,75%. Банката одлучи да ја намали каматната стапка и покрај малку повисоката стапка на инфлација од целната. За ЕЦБ ова беше…
Украина собира десетици светски лидери и меѓународни организации во одморалиштето Бургенсток во Швајцарија овој викенд за да го засили притисокот врз Русија и да го зацрта патот кон мирот. Киев сака да изгради глобален консензус околу својот план за ставање крај на војната без руско учество. Но, исто така, идентификуваше неколку конкретни прашања околу кои сака да собере поддршка. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец идентификуваше три клучни грижи што ќе ги стави во центарот на конференцијата, како дел од неговиот план од 10 точки за ставање крај на војната. Прво, тој рече дека сака да обезбеди враќање на илјадниците…
Најопасно би било да се потцени десничарскиот продор што потсетува на 30-тите години на минатиот век, иако современите поддржувачи на ксенофобичниот национализам не личат на фаланги на фашисти, ниту пак нивните лидери асоцираат на фирерот, Дуче или Каудиљо. Бошко Јакшиќ Тврдите националистички десничари и екстремисти со неофашистички корени ги искористија изборите за ново издание на Европскиот парламент за да го префрлат центарот на гравитација на десно, да ја понижат владејачката елита на Франција и да станат третата најсилна политичка формација на континентот, што е нивниот најголем успех од формирањето на Европската Унија. Иако силите на десниот центар се на пат…
