Author: Zoran Ivanov

Џабир Дерала: Не би сакал, уште дури и пред официјално формирање на Влада да одам во жестоки оценки и во конечни проценки, бидејќи сакам да верувам дека без оглед на тоа што јас лично мислам за одредена политичка партија и нивен лидер и колку е точно што тоа јас го мислам, би сакал владата, барем во почетокот да ја гледаме и оценуваме не според тоа кој ја води, туку според тоа што таа влада прави. Јас би сакал нејзините резулати да бидат соодветни на македонскиот национален интерес кој е видлив и е деклариран во сите изминати години на независност. Линк

Read More

Сефер Тахири 34-годишната историја на политичкиот плурализам во Северна Македонија докажува дека меѓуетничките односи, особено оние меѓу Македонците и Албанците, се (зло)употребуваа од политичките партии на парламентарните, претседателските, па дури и на локалните избори. Во овој контекст, медиумско-политичкиот дискурс честопати беше „дискурс на различноста“. „Парадигмата на различноста“, поточно етноцентричниот дискурс, ја следеше политичката дебата, но и медиумските содржини, без разлика дали се одвиваше на македонски или албански јазик. Имајќи ги предвид овие аспекти, оваа анализа се фокусира на неколку прашања и примери на политичка комуникација и медиумско известување за време на изборите: Колку меѓуетничките односи беа во фокусот на предизборната…

Read More

Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска. Според првичните информации нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот. Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала. Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино -град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина, на помалку од 100 километри…

Read More

Александар Прокопиев: Општо познат културолошки факт е дека во смутните времиња се создаваат многу интересни автори, уметнички дела и движења. Стварноста во својата нападна гротескност и грубост како да предизвикува содржински и формални иновации. На пример, книжевните автори што ги љубам, меѓу кои Кафка, Томас Ман, Булгаков…, ги создавале своите ремек-дела токму во такви времиња. Линк

Read More

Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата, Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување. Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили и размената на заложници за палестинските затвореници во Израел, рече Зухри. „Американската влада се соочува со вистински тест за исполнување на своите обврски во однос на притисокот врз окупаторот веднаш да ја прекине војната преку спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“,…

Read More

Париз: Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да поднесе оставка без разлика на исходот од претстојните парламентарни избори во Франција. Макрон, кој најави распишување парламентарни избори по тешкиот пораз на неговата партија „Препород“ на изборите за Европскиот парламент во Франција и победата на крајнодесничарската партија Национален собир, рече дека „не е Националниот собир тој што го пишува Уставот”. -Институциите се јасни, како и местото на претседателот без разлика на резултатот, рече Макрон за француски Фигаро. Францускиот претседател во неделата вечерта, веднаш по добивањето на првичните резултати од изборите за ЕП, го распушти францускиот Парламент и најави парламентарни избори за…

Read More