Author: Zoran Ivanov

Гордана Силјановска Давкова: Се разбира дека имам план. Планот е градење добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање самопочит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното, ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна…

Read More

Скопје: 28 лица се лишени од слобода во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023-та година се спроведува по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а се однесува на сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи. Лицата се уапсени на 31 мај и 1 јуни во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија по преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје. Поголема сума пари,…

Read More

ЛАРИСА ДИР: Во незаконското раселување на децата од привремено окупираните територии на Украина во рф е вклучена целата вертикала на државната власт на рф и руските окупациони администрации кои работат на привремено окупираните територии на Украина, окупаторските „министерства и ресорства“, „образовните и културни институции“ контролирани од нив, политичките партии, кабинетот на комесарот при претседателот на рф задолжен за правата на децата, јавните организации, т.н. добротворни фондации, „волонтерите“, приватните лица. Линк

Read More

Интегритетот на изборите како процес и поим е миниран од манипулациските mala fides практики на издавања на ветувањата и тоа сигурно не е првпат. Но е првпат да не поминат ни 24 часа, а да се згази на зборот. Но, од друга страна – кој збор?! На однапред јасно штетни и срамни не-планови и анти-планови да им се поверува, па тогаш „плебејците“ не се ни тоа значи, тоа ни во животинското царство не би се случило. Преходната влада не можеше ни тешко добиеното, со граѓански жртви „од пиле – млеко“ да го продаде, а змиското масло на „Македонија Твоја“ отиде…

Read More

Радовиш: По удар од гром синоќа починало 20 годишно момче од село Коџалија. Околу 20 часот во полициската станица во Радовиш е пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано „Водовод“, радовишко, од гром починало дваесет годишно момче од село Коџалево.

Read More

 Стручниот колегиум од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија денеска во реакција на синоќешната изјава на министерот за здравство Илир Демири во емисија на ТВ „Телма“  оценува дека тој „лиферувал безброј лаги, шпекулации и невистини во врска со долгогодишното работење на Клиниката за кардиохирургија“. Демири во гостувањето демантирапе дека е политичка пресметка разрешувањето на директорот на Државната кардиохирургија и рече дека таму ситуацијата е многу сериозна и оти треба да се донесе квалитетен експерт од странство кој ќе ги едуцира младите кадри. Дали е целта да се направи дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во здравството, со што се доведуваат во…

Read More

Марјан Забрчанец: Држави кои се соочуваат со внатрешни политички кризи и кои демонстрираат национализам на внатрешен и надворешен план – не се во можност искрено и суштински да соработуваат со своите соседи. Национализмот подразбира наметнување на еден етникум наспроти друг, а во случајот на Западен Балкан тоа неминовно подразбира и конфликти со соседите и меѓу различните етнички групи кои се прелеваат од една во друга држава. Линк

Read More

Поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп повикуваат на немири, револуција и насилна одмазда на социјалните мрежи откако поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата кон порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, објавија француски медиуми на своите веб сајтови пренесувајќи извештај на агенцијата Ројтерс. Поротата на Окружниот суд на Менхетен синоќа го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Трамп за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие плаќањата на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. Тој ја обвини актуелната администрација за пресудата…

Read More

И денеска по два обиди уставните судии не успеаја да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од нивната колешка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2-ри јуни. Од Уставен суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3-ти јуни. Како и вчера, кога имаше четири неуспешни обида за избор на претседател, и денеска двете кандидатки за функцијата, судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева не успеале да го добијат неопходното двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Во денешните два обиди резултатот бил ист како…

Read More

Рим: Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Рим нема да испрати војници во Украина ниту да дозволи употреба на италијанско оружје за гаѓање цели на руска територија. -Невозможно е Италија да испраќа војници во Украина, а тие да го користат нашето оружје во Русија, рече Тајани во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага. Тој рече дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Украина, но дека, според нејзиниот устав, не е можно да се дозволи испраќање војници во Украина и употреба на нејзиното оружје за цели во Русија. -Ние не…

Read More

Јакнење на локалните производни капацитети за што помала зависност од меѓународната понуда, ефикасно користење на ресурсите, минимизирање, рециклирање и паметно управување со отпадот, елеминирање на пластиката за еднократна употреба, инвестирање во инфраструктура отпорна на нагли промени, иновации во зелени технологии и дигитализација. Ова се само некои од препораките што беа изнесени на денешната регионална конференција за циркуларна економија во услови на војни и несигурности. Конференцијата укажа на потребата од политики кои поддржуваат иницијативи за одржливост, но ја нагласи и потребата од регионална соработка. Во фокусот беше руската агресија врз Украина која, како што истакнаа учесниците, креираше нова реалност и предизвика…

Read More