Author: Zoran Ivanov

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа 72-минутен говор пред највисоките воени лица на базата Квантико, Вирџинија, во кој предложи американските градови да се користат како обуки терени за војската. Овој потег претставува радикално отстапување од долгогодишната традиција на раздвојување на војската од политиката.

Read More

Транзицијата на украинските вооружени сили во структура на корпус е завршена во оваа фаза, а сите новоформирани корпуси веќе ги извршуваат своите задачи, изјави денеска началникот на Генералштабот на украинската армија Андриј Гњатов во врска со организациските промени во армијата.

Read More

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година.

Read More

Во присуство на ректорката Биљана Ангелова, проректорите, деканите и професорите, како и на претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски, министерката за образование Весна Јаневска рече дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на домашното високо образование и креирање услови за подобар живот на младите во сопствената земја.

Read More

Македонската филхармонија в четврток во 20 часот ја почнува новата концертна сезона со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

Read More

Белград: Комеморативни собири по повод 11 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено се одржуваат денеска низ Србија. Студентите во блокадата најавија дека ќе организираат комеморативна прошетка во Белград по повод 11 месеци од таа трагедија.

Read More

Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија.

Read More

Минхен: Масовна полициска и противпожарна акција е во тек од раните утрински часови во северниот дел на Минхен, каде што специјални единици и експерти за експлозиви интервенираа по неколку експлозии и пукање.

Read More

Атина: Без бродски и железнички сообраќај денеска е Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн.

Read More