Author: Zoran Ivanov
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот Доналд Трамп го откри својот мировен план за Појасот Газа.
Мекмилон очекува работните места во канцелариите, таканаречените „бели јаки“ да бидат меѓу првите што ќе бидат погодени, бидејќи „Волмарт“ сè повеќе користи чет-ботови и други алатки со вештачка интелигенција за да извршува задачи како што се услуга на клиентите и следење на синџирот на снабдување.
Украинските сили уништија два моќни руски повеќекратни ракетни системи TOS-1A Solntsepyok во регионот Харков, а нападот е извршен од прецизни FPV дронови, извести 429-от посебен полк за дронови, Ахил, објави Кијив пост.
Палестинската управа (ПУ) го поздрави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека сеопфатен договор за завршување на војната во Газа, исто така, може да отвори пат за решение со две држави.
Помалку од една недела откако Русија ја започна својата тотална инвазија во 2022 година, руските оклопни сили влегоа во Буча, мал град на 24 километри северозападно од украинската престолнина. Само 33 дена подоцна, последните окупаторски сили беа принудени да го напуштат градот.
Истрагата покажа дека зад појавата на легитимен бизнис во кол-центар стои организирана криминална мрежа која измамила десетици илјади луѓе ширум светот нудејќи лажни финансиски инвестиции, како што е тргување со девизи и криптовалути.
Порталот „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименувани извори објави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блиски Исток и Украина, Стив Виткоф најверојатно ќе се повлече од функцијата до крајот на годината.
За да имаме успешен резултат, мора да постои синергија меѓу режисерот и композиторот. Композиторот ја следи визијата на режисерот и она што режисерот како порака го испраќа со тој филм, но слободата и довербата се исто така многу важни за да има креативен процес од двете страни, вели композиторот Кирил Џајковски добитник на годинешнава „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на фестивал „Браќа Манаки“ во интервју за Медиумската информативна агенција.
За да имаме успешен резултат, мора да постои синергија меѓу режисерот и композиторот. Композиторот ја следи визијата на режисерот и она што режисерот како порака го испраќа со тој филм, но слободата и довербата се исто така многу важни за да има креативен процес од двете страни. Марјан Танушевски Филмот е скапа уметничка форма и бара големи вложувања, но е важно да се инвестира во уметноста и во младите сили, вели во интервју за МИА, композиторот Кирил Џајковски, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што се доделува на ИФФК „Браќа Манаки“ и која како што изјави, за…
Белград: Во Парламентарното собрание на Советот на Европа утре ќе се дискутира за актуелната политичка криза во Србија, а ќе се гласа и за извештајот „Младински движења и демократија“, во кој се споменува и студентскиот протест во Србија.
Полициските службеници ги оценуваат активностите на црногорската мафија како „висок ризик“, но досега не успеале да ги разбијат нивните мрежи. Оружјето се транспортира, се движи и стигнува до Западна Европа оттаму.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека планот презентиран од американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа претставува единствена можност за ставање крај на ужасната војна и дека не треба да се пропушти.
