Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2-ри август – Ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите / ЕУ: Посветени сме на зачувување на сеќавањето

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 2, 2025 12:19

Остануваме обединети во борбата против дискриминација на Ромите што продолжува да претставува сериозна закана за ромските заедници во Европа и ја потврдуваме нашата заложба да го зачуваме сеќавањето на холокаустот на Ромите преку образованието и со справување со сите форми на неговото негирање и искривување.

Ова се наведува во заедничката изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, извршната потпретседателка на ЕУ за социјални права, вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лабиб по повод Денот на сеќавање на холокаустот на Ромите – 2 август.

Денес, им оддаваме почит на 4.300 деца, жени и мажи Роми и Синти кои на 2. август 1944 година, беа насилно одведени во смрт во гасните комори во Аушвиц-Биркенау – брутален чин на масовно убиство извршен пред 81 година. На овој ден се сеќаваме на сите 500.000 Роми кои беа убиени за време на холокаустот – геноцид кој одзеде милиони невини животи и ги раздели семејствата, заедниците и културите низ цела Европа, се наведува во изјавата.

Фон дер Лајен, Минзату и Лабиб посочуваат дека ова година се одбележува една деценија од официјалното признавање на 2 август како Европски ден на сеќавањето на холокаустот на Ромите.

Недвосмислено ја потврдуваме нашата посветеност да го почитуваме сеќавањето на жртвите Роми и Синти и да осигуриме дека нивното страдање никогаш нема да биде заборавено, занемарено или намалено. Сеќавањето на жртвите го чуваме во нашите срца и стоиме заедно во одлучноста да обезбедиме дека човечкото достоинство е почитувано, различноста се прифаќа и дека за омразата нема место. Никогаш нема да заборавиме, се додава во изјавата.

 

ден Роми Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.