Авион на Бритиш Ервејс синоќа со крилото удри во аеродромската зграда во Јоханезбург. Четири лица во зградата се повредени, а 185-те патници во авионот и 17-те членови на екипажот поминале неповредени.
Боингот 747-400 за полетување користел писта која била претесна за него.
– Авионот со десното крило удри во деловната зграда на аеродромот. Од контролната кула пилотот бил упатен да полета од една писта, но тој почнал да полетува од друга, погрешна писта – изјави портпаролот на јужноафриканската агенција за цивилна авијација, Финдиве Гвебу.