Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бабовски: Не е „во мода“ да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик

0
By Ivana on September 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцинирајте ги своите миленици. На глобално ниво, секои девет минути некој умира од беснило или годишно, битката со оваа болест ја губат 70.000 луѓе. Не е „во мода“ само да имате миленик, туку да имате здравствено-заштитен, вакциниран миленик, порача денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски на трибината по повод 28 Септември, Светскиот ден на борба против беснило.

Под мотото „Нула смртни случаи од беснило до 2030 година“ АХВ и годинава се вклучи во глобалната кампања за одбележување на 28 Септември.

Беснилото, како што потенцира Бабовски, е исклучително опасна болест и за животните и за луѓето, но во земјава ја нема од 2012 година. Сепак, координираните активности за следење на состојбата продолжуваат и се спроведуваат во континуитет.

– Ги следиме современите светски текови на ова поле. Нашите закони од областа на здравствената заштита на животните и на здравјето на граѓаните се усогласени со европската легислатива. Со одржувањето на денешната трибина, во услови кога светот втора година е исправен пред предизвиот за справување со КОВИД-пандемијата, сакаме да упатиме јасна порака – дека со преземање координирани активности, беснилото како сериозна, оппасна болест и за луѓето и за животните, можеме да го држиме под контрола, истакна директорот на АХВ.

Тој потсети дека е во тек кампањата „Стоп за беснилото“, која почна пред два месеца и чие мото е „Беснилото завршува овде, со тебе“.

Последниот евидентиран случај на беснило кај луѓе во земјава бил во 1976 година, а последниот случај на заболено домашно милениче, мачка, е регистриран во 2012 година во Радовишко. Кај дивите животни, последниот случај е забележан исто така во 2012 година, кај волк, во околината на Кочани.

Според Бабовски, од тогаш до денес нема ниту еден нов регистриран случај на беснило, но би можел да се појави ако не се спроведува пасивен надзор, ако не се врши редовно вакцинирање на милениците и доколку не се реализира тековно кампањата за пролетно и есенско орално вакцинирање на лисиците.

– АХВ од 2009 година со финансиска поддршка на ЕУ спроведува кампања за орална вакцинација кај лисиците кои се всушност резрвоар на висруот на беснило. Кампањата се спроведува двапати годишно, наесен и напролет. Годинава ќе се реализира во втората половина на октомври, рече директорот на Агенцијата.

Податоците на АХВ велат дека во земјава се чипирани 100.558 домашни миленици од кои најголемиот процент се кучиња, а преку 60 отсто од чипираните миленици се редовно вакцинирани секоја година.

Проблем се, како што објасни Бабовски, овчарските и ловечките кучиња во руралните средини кои најчесто не се вакцинирани поради недоволна информираност или едукација на сопствениците.

На денешнбата трибина по повод 28 Септември, Светскиот ден на борба против беснило, учествуваат експерти од АХВ, Ветеринарната комора и Институтот за јавно здравје, согласно концептот и пристапот „едно здравје“ кој подразбира заедничка и координарана активност на сите релевантни страни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.