Русија забрани влез во земјата за 963 Американци, меѓу кои и претседателот Џо Бајден.
Забраната дојде по пакетот помош за Украина што го потпиша Бајден во износ од, речиси, 40 милијарди долари.
Меѓу лицата на руската „црна листа“ се најде и државниот секретар, Ентони Блинкен и шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, пренесува „Ројтерс“.
Бајден моментно е во посета на Јужна Кореја, каде оствари средба со јужнокорејскиот претседател Јон Сук-јеол.