Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе прими четврта доза на вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа.
Бајден (79) ќе добие втора бустер на вакцината, откако ќе ѝ се обрати на јавноста на новата владина веб-страница covid.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација.
Бајден ќе ја прими вакцината по еден ден откако САД одобрија четвртата доза на вакцините на „Фајзер“/„Бајонтек“ или „Модерна“ за лица над 50 години, бидејќи властите предупредуваат на потенцијален нов бран предизвикан од БА. 2 подваријантата на омикрон.