Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на стратегија на неговиот руски колега за излез од војната во Украина и во тој контекст размислува што да направат САД.
Говорејќи на политички собир во предградие на Вашингтон на кој беа собрани парични донации, Бајден рече дека Путин погрешно верувал дека со инвазијата во Украина ќе го разбие НАТО и Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.
Бајден дека Путин е многу пресметлив човек и дека проблемот што сега го загрижува е што рускиот лидер „нема излез во моментот“.
„Се обидувам да сфатам што да праваме по тоа прашање“, рече Бајден.